Open main menu

Gramps β

Mk:Грампс 5.1 Вики Прирачник -Навигација

Претходно Индекс Следно

Сѐ додека е отворена некоја база на податоци, Грампс се фокусира на едно лице, најчесто именувано како Aктивно лице. Ова Ви овозможува гледање и менување на податоците што се однесуваат на ова лице, неговото или нејзиното непосредно семејство итн. Навигацијата во базата (т.е. преминување од едно на друго лице) е всушност ништо друго туку променување на Активното лице. Овој оддел ги опишува многуте наизменични начини за навигирање низ базата со користење или на сложените или на погодните интерфејса што се овозможени од Грампс. Сите овие начини на крајот го постигнуваат истото, но некои се попогодни од другите, во зависност од тоа што Вие правите во Грампс во моментот.

Contents

Користење на Погледот лица

Најинтуитивниот начин за да одберете едно Активно лице е да го употребите Поглед лица. Кога сте во Погледот лица, само одберете го името на посакуваното лице од списокот со кликнување на тој внес. Лицето што сте го одбрале станува активно. Статусната линија се ажурира за да ја одрази промената на активното лице.

Користење на Погледот семејство

Кога сте во Поглед врски ----- Relationships View, можете лесно да навигирате помеѓу членовите на прикажаното семејство, како што следи:

За да го направите тековно избраниот сопружник Активно лице, кликнете го копчето со двојна стрелка десно од полето на Активното лице. Или пак, десен-клик во полето на сопружникот и одберете ја ставката Направи го избраниот сопружник Активно лице од контекстното мени.

За да ги направите тековно избраните родители активно семејство (со тоа таткото е Активно лице, а мајката одбран сопружник), кликнете на копчето со десна стрелка десно од полето на родителите на активното лице. Или пак, десен-клик во полето на родителите на активното лице и одберете ја ставката Направи ги избраните родители активно семејство од контекстното мени.

За да ги направите тековно избраните родители на сопружникот активно семејство (со тоа таткото е Активно лице, а мајката одбран сопружник), кликнете на копчето со десна стрелка десно од полето на родителите на сопружникот. Или пак, десен-клик на полето на родителите на сопружникот и изберете ја ставката Направи ги избраните родители активно семејство од контекстното мени.

За да го направите тековно избраното дете Активно лице, кликнете на копчето со лева стрелка десно од полето за деца. Или пак, десен-клик во полето за деца и изберете ја ставката Направи го избраното дете Активно лице од контекстното мени.

Покрај ова, Грампс обезбедува голема група на опции за навигација преку тастатура. Подробните упатувања на кратенките со копчиња ќе ги најдете во append-keybind.

Користење на Погледот потекло

Поглед потекло Pedigree View исто така Ви овозможува да се движите низ семејното стебло. Добивката од овој начин е тоа што можете да видите повеќе од една генерација во семејното стебло. Исто така, можете да скокнете директно од правнук до прадедо без да одите низ генерациите меѓу нив.

Забележете дека по променувањето на Активното лице во Погледот потекло, приказот се пре-приспособува за приказ до пет генерации, почнувајќи од ново избраното Активно лице. Кога сте во Погледот потекло, можете лесно да навигирате помеѓу членовите на прикажаното семејство, како што следи:

За да направите кое било лице да биде Активно, десен-клик на соодветното поле и изберете го првиот внес од контекстното мени.

За да направите дете на тековното Активно лице (ако има), кликнете на копчето со лева стрелка лево од соодветното поле. Ако има повеќе од едно дете, тоа се проширува во мени со список на деца од каде што можете да изберете.

За да го поместите целото семејно стебло една генерација поназад, кликнете на соодветното копче со десна стрелка на десната страна од прикажаната област. Со кликнување на горното копче ќе се помести стеблото по татковата лоза. Со кликнување на долното копче ќе се помести стеблото по мајчината лоза.

Кликнувањето на кое било од копчињата е исто што и двоен-клик на линиите што се поврзани лево од соодветните полиња на таткото или мајката. Clicking either of these buttons is completely equivalent to double-clicking the lines connecting to the left of the corresponding boxes for father and mother.

Можете, исто така, и брзо да пристапите до секој од сопружниците, браќата или сестрите, децата или родителите на секое од прикажаните лица. За да го направите ова, наместете го глувчето на полето на посакуваното лице и со десен-клик ќе повикате контекстно мени. Соодветните ставки од менито ќе содржат подменија со списоци на сите сопружници, браќа и сестри, деца и родители на соодветното лице.

 
Предности на користењето на менијата десен-клик

Директен пристап до сопружник и браќа или сестри. Целосни списоци на сите членови од сите категории, а не само претпочитаните членови.


Поставување на Почетно лице

Само едно лице во базата на податоци може да се избере како Почетно. Кога еднаш ќе се избере почетното лице, движењето до него се поедноставува само со единечен клик, без оглед на тоа кој поглед моментно го користите.

За да го поставите Почетното лице, прво навигирајте до тоа лице со користење на кој било начин. Потоа изберете Уреди ->Постави Почетно лице . Кога ова е направено, можете да се движите до Почетното лице од каде било во базата на податоци со едноставно кликнување на иконата Почетно од алатникот. Исто така, можете да изберете Оди ->Почетно од менито или изберете ја ставката Почетно од кое било контекстно мени достапно со десен-клик.

Користење на алатки засновани на историја

Грампс исто така прикажува и група на алатки за навигација засновани на историја. Овие алатки се слични на оние што често се користат во веб-пребарувачите. Тука се вклучени ставките Назад и Напред достапни од менито Оди , контекстните менија (достапни во Погледите лица, семејство и потекло) и копчињата од алатникот. Исто така вклучува и список на неодамнешни избори достапни во менито Оди што Ви овозможуваат да скокате директно во некои од скорешните избори. На крајот, со десен-клик на копчињата Назад и Напред од алатникот, се повикува појавувачко мени со соодветниот дел од историјата. Изберете ја која било ставка од менито за да скокнете директно до него.

Обележувачи

 
Fig. 6.1 Организирај обележувачи

Слично на поставувањето на Почетно лице, можете да обележите други лица од базата за да ја поедноставите понатамошната навигација. За да обележите лице, прво навигирајте до него, потоа изберете Обележувачи ->Додади обележувач . За да се поместите до тоа лице од каде било од базата на податоци, изберете Обележувачи ->Оди до обележувач ->Име на лице .





Можете да управувате со Вашите обележувачи со одбирање на Обележувачи ->Организирај обележувачи... . Ова го отвора следниот дијалог Организирај обележувачи со список на обележувачи и наредбите за променување на овој список.

Користете ги копчињата Нагоре и Надолу за да го промените редоследот на списокот. Користете го копчето Отстрани за да отстраните Обележувач. Помош ќе Ве донесе на оваа страница, а ќе го затворите прозорецот Организирај обележувачи со копчето Затвори .

Означените лица можат да се одбираат преку погледот лица, како што беше објаснето погоре, но ѝ преку Погледите врски, семејстваи потекло.


На сличен начин можете да Обележите: Настани, Извори, Места, Медиуми, Репоситориуми и Збелешки.

Пронаоѓање записи

 
Fig. 6.2 Пронајди по впиши-напред Type-ahead find

За да пронајдете запис во базата на податоци, прво префрлете се во соодветниот Поглед што ќе Ви обезбеди список на посакуваните записи: Лица, Извори, Места или Медиуми. Потоа започнете со пишување на името на лицето или насловот на Изворот, Местото или Медиумскиот објект што го барате, соодветно. Исто така можете да притиснете на <Ctrl> + F за да преминете во модот за пребарување, но само со започнување на пишување е, исто така, доволно.



Како што пишувате, првиот запис во базата на податоци што е соодветен на Вашиот внес ќе биде избран.





 
Пронаоѓање лица

За посложени пребарувања на лица можете да употребите филтри.

Вклучете ги наредбите за филтри со избирање на Поглед ->Филтер , одберете го посакуваниот филтер и кликнете Примени . За подробности, видете filters

Користење на клипбордот

 
Fig. v.v Клипборд

Оваа алатка Ви обезбедува привремен бележник за зачувување на записи на базата за олеснето повторно користење. Накратко, ова е еден вид на копирај-и-залепи проширено од текстовни објекти до други видови на записи употребени во Грампс.

 
Клипбордот прави опширна употреба на техниката влечи-и-спушти

За да го повикате Клипордот, или изберете Уреди->Клипорд или кликнете на копчето Клипборд од алатникот.


Клипбордот поддржува адреси, особини (и лични и семејни), настани (и лични и семејни), имиња, упатувања на медиумски објекти, упатувања на извори, URL и сѐ разбира, текстовни информации за забелешки и коментари. За да зачувате кој било вид на ваков запис, само повлечете го постоечкиот запис во Бележникот на клипбордот од соодветниот уредувачки дијалог. За повторно да го користите записот, повлечете го од Клипбордот на соодветното место во уредувачот, на пример Јазичето за адреси, Јазичето за особини итн.

 
Совет

Некои објекти ја покажуваат иконата со линкот од лево. Ова покажува дека влечењето на избраното ќе произведе упатување на постоечки објект, а не го копира самиот објект. На пример, датотеката со медиуски објекти нема да се удвои. Наместо тоа, ќе се направи упатување на постоечки објект, што ќе произлезе во локалниот внес на галеријата.


 
Совет

Зачувувањето во клипбордот е доследно во една Грампс сесија. Затворањето на прозорецот нема да ги изгуби зачуваните записи. Меѓутоа, излегувањето од Грампс ќе ги изгуби.

Кратенката сега е <CTRL+B>. The accelerator key is now <CTRL+B>. За апликација како што е Грампс, Клипбордот е многу важен. Само еден пример: Пронаѓате извод за родените за едно лице. Во овој извод, исто така, се споменати и сведоците. Овој извод го одредува изворот каде што е зачува на информацијата. Најдобриот начин е да го отворите клипбордот и повлечете го таму изворот со кој што сакате да работите. Потоа употребете повлечи-и-спушти за да ги користите за новите ставки што ги употребувате. Сега можете да ја утврдите информацијата на екранот за уредувач на лица. Повлечете ги тие унгормации и во Клипбордот. Сега додавате две нови лица како сведоци (со претпоставка дека ги немате во Вашата база на податоци). Едноставно повлечете и спуштете ја информацијата за раѓање во екранот за настани на сведоци. Тука се отвора екран каде што можете да ја менувате улогата од сведок на сведок за овој настан за раѓање. Направете го истото и со другиот сведок.

Ова Ве штити од многу пишување и можни грешки.

Претходно Индекс Следно
  Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:

These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [https://www.gramps-project.org/...]), not via internal links.
Also, only use the known Typographical conventions