Mk:Грампс 3.2 Вики Прирачник - ЧПП

From Gramps
Jump to: navigation, search

Овој додаток содржи список на прашања што често се појавуваат во дописните дискусии и форуми. Овој список во никој случај не е целосен. Ако сакате да додадете прашања/одговори во овој список,ве молиме испратете ни ги вашите предлози на gramps-devel@lists.sourceforge.net.


Gnome-important.png Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:

These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [http://www.gramps-project.org/...]), not via internal links.<br\> Also, only use the known conventions

Претходно Индекс Следно



Gramps-notes.png
This page is a stub. Please help keep Gramps Wiki a useful resource by developing this page.


Земете предвид да погледнете и во:


Општо

  • Што е GRAMPS?

GRAMPS е програма за Генеалошко истражување и програмски систем за расчленување и управување (Genealogical Research and Analysis Management Program System). Со други зборови, Грампс е лична генеалошка програма што овозможува зачувување, уредување и истражување на генеалошки податоци преку користење на можностите на вашиот сметач, видете во За Грампс.

  • Каде да ја најдам и колку чини?

Грампс можете да го инсталирате бесплатно. Грампс е Слободен софтверски проект заштитен од GNU Општата јавна лиценца. Имате целосен пристап до изворниот код и дозволено е да ја дистрибуирате програмата и изворниот код бесплатно.

  • Дали го има Грампс на други јазици?

Да, во моментов Грампс е преведен на 23 јазици, видете во GRAMPS преводи.

  • Како да одржувам заштитна резерва?

Користете понова верзија на Грампс! Од 2.2.5 па натаму има услуга за автоматско градење на заштита.

Од огромна важност е одржувањето на заштитна резерва на вашите податоци и нивното чување на безбедно место. Грампс има посебен формат на преносна датотека, којашто е мала и читлива за човекот, означена од .gramps. Ако сте го дозволиле ова во параметрите (Во менито Уреди -> Параметри -> Општо), Грампс ќе прави заштитна резерва на вашата база на податоци на излегување од него. Можете да ја ископирате оваа заштитна датотека одвреме-навреме на безбедна локација (на пример, на usb-стапче). [Забелешка: .gramps датотеките се копмресирани. Со кликнување на нив ќе се отвори Грампс. За да го видите XML-от изберете ги нив и отворете ги преку декомпресирачка услуга (како ark, gunzip), по коешто можете да ja извлечете XML датотеката, којашто е читлива за човек, видете подробности.

Не чувајте резерви во GEDCOM. Не сите информации зачувани од Грампс можат да бидат впишани во GEDCOM. Значи, операцијата извоз/увоз GRAMPS --> GEDCOM --> GRAMPS, ќе значи губење податоци. Користете го форматот на кодот на датотеката .gramps за резерви!

Не чувајте резерви во GRDB формат. GRDB е база на податоци што може да биде зависна од сметачот (чита, нема да работи на друг сметач). Најмалото оштетување на оваа датотека, исто така, не може да се поправи. Користете го форматот на кодот на датотеката .gramps за резерви!

  • Дали Грампс поддржува Уникод фонтови? Поточно, дали ги поддржува не-Роман Уникод фонтовите?

Да. Грампс внатрешно работи со Уникод (UTF-8), така што сите азбуки можат да се користат во сите полиња за внесување. Сите извештаи целосно го поддржуваат ова, иако за PDF/PS ќе треба да рабаотите со gnome-print или openoffice.

Инсталирање

  • Што е потребно за инсталирање на Грампс под Linux, Solaris, FreeBSD?

Грампс е GTK апликација. Грампс треба да ги има pygtk библиотеките инсталирани во системот. Сѐ додека се инсталирани овие библиотеки, Грампс треба да функционира. Ќе работи на GNOME заднина, KDE заднина или која било друга заднина. Ако GNOME кратенките за Python се инсталирани, Грампс ќе има дополнителна функционалност. Проектот Грампс ја препорачува верзијата 2.8 или повисока на GTK.

  • Дали работи во Windows?

Linux Genealogy CD може да функционира како ЦД од коешто директно подигнувате програма. Потоа, можете да извршувате во Linux и Грампс без ЦД-то, иако вашиот сметач е на Windows.

Експериментален Windows installer е достапен, но ја немаме цеолосната понуда за подрршка на Windows. Меѓутоа, достапна е windows mailing list и се трудиме најдобро што можеме да го решиме проблемот што се однесува на Windows.

  • Дали работи со Mac?

Проектот Fink има пренесено некои постари верзии на Грампс на OS X (tm). Mac OS X пренесување не е директно поддржано од Грампс проектот, првенствено затоа што ниеден од развивачите на Грампс немаат пристап до Mac OS X и затоа што OS X не е Слободен софтвер.

Сегашната верзија на Грампс (2.2.x) не се појавува како пренесена од проектот Fink. Ве молиме, стапете во контакт со проектот Fink за повеќе информации. Меѓутоа, некои корисници имале успех во инсталирањето на 2.2.x на Mac OSX или преку извршување во локален мод или на Х11 користејќи некои од финк пакетите.

  • Кои се минималните спецификации потребни за извршување на Грампс?

Ви препорачуваме најмалку 800 x 600 резолуција. За GRAMPS 2.0, потребите за меморија се намалени и Грампс може да извршува особено ефикасно на систем со 256 мегабајти, држејќи значително многу лица. Систем со 512 мегабајти би требало да држи околу 200.000 лица. Но, потребите на место на дискот се значително поголеми, со типична големина на базата на податоци од неколку мегабајти. За 120.000 лица треба да имате 530 мегабајти за базата. Сликите се зачувани посебно на дискот, значи потрбен е голем хард диск.

Параметри

  • Дали можам да ги променам датумите во извештаите во „ден месец година“?

Да, променете го датумот на Грампс во параметрите („Уреди -> Параметри“) во посакуваниот формат (на пример: ГГГГ-MM-ДД или ден месец година), а потоа направете го извештајот. Вашите параметри ќе се користат.

Соработка - Преносливост

  • Дали Грампс е компатибилен со други генеалошки софтвери?

Грампс ги прави сите напори за да одржи компатибилност со GEDCOM, општоприфатениот стандард за зачувување на генеалошки информации. Имаме увозни и извозни филтри што овозможуваат Грампс да чита и да пишува GEDCOM датотеки.

Многу е важно да разберете дека GEDCOM стандардот е слабо приманет -- навистина секој генеалошки софтвер има своја сопствена „дистрибуција“ на GEDCOM. Како што дознаваме за некој нова дистрибуција, увоз/извоз филтрите можат да се прават многу брзо. Меѓутоа, откривањето на нови дистрибуции бара user feedback. Ве молиме, слободно информирајте нѐ за секоја GEDCOM дистрибуција што не е поддржана од Грампс, а ние ќе се потрудиме најдобро што можеме да ја поддржиме!

  • Дали Грампс може да чита датотеки креирани од други генеалошки програми?

Видете погоре.

  • Дали може Грампс да пишува датотеки што се читливи од други генеалошки програми?

Видете погоре.

  • Кои стандарди ги поддржува Грампс?

Добрата работа за стандардите е тоа што тие никогаш не недостасуваат. Грампс е тестиран да ги поддржува следниве дистрибуции на GEDCOM: GEDCOM5.5, Brother's Keeper, Family Origins, Family Tree Maker, Ftree, GeneWeb, Legacy, Personal Ancestral File, Pro-Gen, Reunion и Visual Genealogie.

  • Како да увезувам податоци од друга генеалошка програма во Грампс?

Најдобриот начин е да создадете ново семејно дрво и изберете ја опцијата за увоз во менито на датотеката. Тука можете да го изберете GEDCOM што сте го генериреле во другата програма и да го увезете.

  • Дали можам да го инсталирам Грампс на Линукс веб-сервер и да го користам преку веб-пребарувачот? Ова ќе овозможи пристап на луѓето поврзани со мене од каде било во светот,а со тоа и ажурирање на податоците.

Иако Грампс може да генерира веб-места, не овозможува веб-интерфејс што дозволува уредување. Ако имате потреба од ова, тогаш GeneWeb или PhpGedView се програми што ќе ви излезат во пресрет. Меѓутоа, можеби ќе сакате да се запрашате следново:

  1. Дали навистина сакам моите роднини и другите луѓе директно да ја уредуваат мојата генеалошка база на податоци?
  2. Дали безрезервно им верувам, без проверување, на кои било податоци што другите ќе ги внесат?
  3. Дали овие луѓе го имаат истото сфаќање на добра генеалошка пракса како и јас?

Подобар пристап би бил овозможување на веб-форма на интерфејс што дозволува внесување податоци од страна на други луѓе, што се задржани за понатамошно испитување. А потоа можете да решите дали информациите ќе ги внесете во вашата база на податоци.

Исто така, можеби ќе сакате да ги имате предвид ефектите на можното време за преземање на вашето веб-место ако не можете да си дозволите премиум веб-хостирачки сервис.

Извештаи

  • Дали може Грампс да отпечати генеалошко стебло за моето семејство?

Да. Различни луѓе имаат различна претстава за тоа што е генеалошко дрво. Некои мислат дека е графикон што почнува од најдалечниот предок и подредување на неговите/нејзините потомци и нивните семејства. Други, пак, мислат дека е графикон што почнува од едно лице, подредувајќи ги со одење наназад, со подредување на предците и нивните семејства.

Грампс може да ги изработи обете стебла претходно споменати, како и многу други различни графикони и извештаи. Освен тоа, конструкцијата на приклучоците им овозможува на корисниците да креираат свои сопствени приклучоци, што можат да бидат нови извештаи, табели или истражувачки алатки.

  • Во кои формати може Грампс да ги изнесува своите извештаи?

Текстуални извештаи се достапни во HTML, PDF, ODT, LaTeX и RTF формати. Графичките извештаи (табели и графикони) се достапни во PostScript, PDF, SVG, ODS и GraphViz формати.

  • Како можам да го променам зададениот јазик во извештаите?

Извештаите се на јазикот на вашата Линукс инсталација. Можете да го промените со инсталирање на дополнителни јазични пакувања, видете во Howto: Change the language of reports.

  • Дали е Грампс компатибилен со интернетот?

Грампс може да зачува веб-адреси и да го насочи вашиот веб-пребарувач кон нив. Може да увезе податоци што сте ги презеле од интернет. Може да извезе податоци што можете да ги испратите преку интернет. Грампс ги препознава стандардните формати на датотеките широко употребени на интернетот (на пример: JPEG, PNG и GIF слики, MP3, OGG и WAV звучни датотеки, QuickTime, MPEG и AVI филмски датотеки итн.). Освен тоа, има малку нешта што генеалошката програма може да стори со интернетот.

  • Можам ли да создадам сопствени извештаи/филтери/што било?

Да. Има многу нивоа на создавање по сопствена желба. Еден начин е создавање или променување на обрасците употребени за извештаите. Ова дава можност за управување со фонтот, боите и некои основни нацрти за извештаите. Исто така, можете да ги користите Грампс наредбите во дијалозите на извештаите за да кажете кои содржини ќе ги употребите во одредениот извештај. Во продолжение, имате можност да создадете ваши сопствени филтри -- ова е корисно за одбирање лица засновано на критериумот зададен од вас. Можете да ги комбинирате овие филтри за да создадете нови, посложени филтри. На крајот, имате опција да креирате сопствен приклучоци. Тие можат да бидат нови извештаи, истражувачки алатки, увоз/извоз филтри итн. Ова бара познавање на програмирање во Python.

  • Зошто не-латинските знаци се прикажани како отпадок во PDF/PS извештаите?

Ова е ограничување на вградените фонтови на PS или PDF форматите. За да печатите не-латински текст, употребете го Отпечати... во менито за избор на формат од дијалогот на извештајот. Ова ќе го употреби кодот gnome-print бекенд, што поддржува PS и PDF создавање, исто како и директно отепечатување. (Забелешка: можеби ќе има потреба да инсталирате gnome-print одделно, бидејќи не е потребен за Грампс).

Ако имате само латински текст, PDF опцијата ќе изработи помал PDF споредени со тие создадени од gnome-print, едноставно бидејќи нема вградено информација за фонтот.

  • Сакам да придонесам во Грампс со пишување на мојот омилен извештај. Како да го направам тоа?

Најлесниот начин за придонесување во извештаите, филтрите, алатките итн. е копирање на постоечките Грампс извештаи, филтри или алатки. Ако можете да создадете што сакате со промена на постоечкиот код -- одлично! Ако вашата идеја не се согласува во логиката на ниту една постоечка алатка во Грампс, ќе треба да напишете сопствен приклучок од почетокот. Има помош во Developers Portal или во Developers mailing list: gramps-devel@lists.sourceforge.net.

За да ја тестирате вашата работа додека е во тек, можете да го зачувате приклучокот под $HOME/.gramps/plugins директориумот и треба да биде пронајден и увезен на почетокот на почнувањто. Прецизно напишаниот приклучок ќе се регистрира самиот со Грампс, создади ставка на мени итн.

Ако сте среќни со вашиот приклучок и сакате да придонесете со враќање на кодот до проектот Грампс, слободно можете да нѐ контактирате на gramps-devel@lists.sourceforge.net.

База на податоци - Формати на Грампс датотеки

  • Која е максималната големина на базата на податоци (бајти) што Грампс може да ја управува?

Грампс нема некоја цврста граница за големината на базата што може да ја управува. Од изданието 2.0.0, Грампс повеќе не ги вчитува сите податоци во меморијата, што овозможува работење со многу поголема база на податоци отколку претходно. Во суштина, сепак има некои практични ограничувања. Главните ограничувачки фактори се во достапната меморија на системот и големината на кешот употребен за BSDDB пристап до базата. Со обичните големини на меморијата денес, Грампс не би требало да има проблеми со употребувањето на базате со десетици илјади лица.

  • Со колку лица GRAMPS базата на податоци може да управува?

Видете погоре. Повторно, ова зависи од тоа колку меморија имате, видете во GRAMPS Performance.

  • Мојата база на податоци е навистина голема. Има ли друг начин на вчитување на сите податоци во меморијата?

Од изданието 2.0.0, Грампс повеќе не ги вчитува сите податоци во меморијата, што овозможува работење со многу поголема база на податоци отколку претходно. Употребениот форматот на датотеката е .grdb што значи gramps база на податоци.

  • Можам ли да го извршувам Грампс од база на податоци од заедничкиот мрежен систем на датотеки?

Да, можете.

  • Зошто форматот на базата на податоци не е пренослив?

Најголемиот проблем со преносливоста на Грампс лежи во „трансакциите“. Со Грампс 2.2 додадовме поддршка за атомски трансакции за заштита на податоците. Со атомските трансакции, повеќекратните промени се изведени како единечен дел. Или успеваат сите промени, или ниту една. Никогаш не сте оставени во ситуација на делумни промени. Споредна добивка од употребата на трансакциите е тоа што пристапот кон базата на податоци (пишува и чита) побрзо.


Проблемот со трансакциите (барем кога го користите BSDDB) e тоа што не дозволува сите податоци да бидат зачувани во една датотека. Запишувањето на датотеките е потребно за да биде во тек со нештата. Овие записни датотеки се зачувани во DB Environment directory. Потребен ни е посебен директориум за секоја датотека, инаку записните датотеки можат да се измешаат.


Во 2.2, ги задржавме записните датотеки под ~/.gramps/<path> директориумот, создавајќи единствен директориум за секоја база. Проблемот е што на вашата GRDB датотека ѝ се потребни записните датотеки, што се наоѓаат во различен директориум. КОпирањето на датотеката GRDB е само копирање на дел од базата.

Бубачки и барања

  • Пронајдов бубачка и сакам да биде поправена веднаш! Што да направам?

Најдоброто нешто што можете да го направите е да ја поправите бубачката и да ја испратите патеката на gramps-devel@lists.sourceforge.net :-)

Ако ова не е возможно, треба да поднесете извештај за бубачка

Добар извештај за бубачка треба да има:

  1. Верзијата на gramps што сте ја користеле кога сте наишле на бубачката (достапно преку Помош → За ставка на мени).
  2. Јазикот на кој gramps извршувал (достапно со извршување на echo $LANG во вашиот терминал).
  3. Симптомите што упатуваат дека ова навистина е бубачка.
  4. Сите пораки за следење, пораки за грешки, предупредување итн. што се појавиле во вашиот терминал или посебниот прозорец за следење.

Поголемиот дел од проблемите можат да се поправат брзо, ако за истите има овозможено доволно информации. За да го осигурате ова, ве молиме следете ги вашите извештаи за бубачка. Тогаш ќе имаме начин да стапиме во контакт со вас ако ни требаат повеќе информации.

  • Грампс треба да биде.... еден вид на апликација

Очигледно е дека Грампс има апсолутна потреба да стане (client-server/web-based/PHP/weblog/Javascript/C++/distributed/KDE/Motif/Tcl/Win32/C#/You-name-it) апликација. Кога ќе се случи ова?

Најсигурниот начин за да го видите ова готово е да го направите тоа самите. Бидејќи Грампс е слободен софтвер, никој не забранува да ги земате сите кодови и да продолжите со неговиот развој во кој и да било правец што вам ви одговара. Во изработувањето на ова, би требало да земете предвид да му дадете поинакво име на вашиот нов проект за да се одбегне секаква забуна со продолжувањето на развојот на Грампс. Ако сакате Грампс проектот да даде совет, стручно мислење, филтри итн., со задоволство ќе соработуваме со вашиот нов проект, за да осигураме компатибилност или увоз/извоз опции на вашиот нов формат на проектот.

Ако, сепак, сакате Грампс проектот да ја присвои вашата стратегија, ќе треба да ги убедите развивачите на Грампс дека вашата стратегија е добра за Грампс и подобра од тековната развојна стратегија.

Грампс веб-хостирање

  • Како можам да ги објавам веб-местата генерирани од Грампс?

Бидејќи Грампс генерира HTML страници, можете да ги вчитате страниците на вашето веб-место. Ако немате ваше лично веб-место, а сѐ уште сакате вашите страници да се достапни на интернет, Грампс проектот може да обезбеди место за вас на http://library.gramps-project.org, видете статија за веб-хостирање.

  • Како да ги приложам моите страници на веб-местото на Грампс библиотеката (http://library.gramps-project.org)?

Ако сакате да приложите страници на веб-местото на Грампс библиотеката, ќе треба да стапите во контакт со Грампс проектот, вообичаено со испраќање порака до дописната листа на Грампс-корисниците. Тогаш ќе ви бидат доделени корисничко име и лозинка со коишто ќе можете да ги вчитате вашите датотеки на веб-местото. Откако ќе ги вчитате датотеките (во gzip'ed tar датотека), проектот Грампс ќе ги инсталира страниците за вас.

  • Откако ја вчитав мојата Семејна веб-страница на library.gramps-project.org, дали лозинката е употребена само со предност за пишување или читање?

За да се спречи злоупотребата на library.gramsp-project.org веб-местото, дадената лозинка дозволува само вчитување. Ако сакате да имате комбинација на корисничко име и лозинка за да го забраните пристапот за читање на вашите страници, ќе треба да стапите во контакт со Грампс проектот и ќе можеме да ги средиме работите за вас. Меѓутоа, сметките за читање и пишување ќе бидат посебни.

  • Дали ја гледам мојата Семејна веб-страница со url во мојот пребарувач? Или, пак, преку линк на списокот со Семејни веб-страници на веб-местото GRAMPS-Project.org?

Главната страница на веб-местото library.gramps-project.org ќе содржи индекс на достапните семејни веб-места. Меѓутоа, исто така, ќе постои единствен URL за секое посебно веб-место.

Претходно Индекс Следно