Mk:Грампс 3.2 Вики Прирачник - Извештаи

From Gramps
Jump to: navigation, search

Овој оддел ги опишува различните извештаи достапни во Грампс.

Претходно Индекс Следно


Gnome-important.png Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:

These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [https://www.gramps-project.org/...]), not via internal links.
Also, only use the known Typographical conventions



Contents

Генерирање извештаи

Извештаите се најчестата форма на изнесување податоци изработени од генеалошкото истражување. Мнозинството на генеалошкиот софтвер дава големо значење на развојот на извештаи што изгледаат убаво. Грампс не е исклучок од ова, нудејќи избор од разновидни извештаи. Грампс може да генерира извештаи во мноштво отворени формати, на текстуална или графичка основа. Грампс, исто така, изработува екрански извештаи (screen based reports) соодветни за преглед на резимето на вашата база на податоци. На крајот, Грампс може да генерира веб-страница соодветна за директно испраќање на интернет. Сите овие се речиси бескрајно приспособливи. Ако сакате да го измените или проширите зададениот формат на Грампс извештајот, можете да го изработите и изберете стилот за секој од вашите извештаи.

До сите извештаи можете да пристапите преку менито со избирање на Извештаи -> Вид на извештај -> Одреден извештај . Дополнително, можете да го пребарате вкупниот избор на достапни извешти заедно со нивните куси описи во дијалогот Report Selection повикан со кликнување на иконата Извештаи од алатникот.

Заменливи вредности

Многу од графичките извештаи дозволуваат да ги приспособите информациите на приказот. Замените за променливите се користат за заменување датум за одреден симбол. Има два вида променливи. Разликата е во управувањето со празните податоци.

Кај првиот вид пред променливите се наоѓа „$“. Ако променливата се вреднува како празна низа, таа е заменета со празната низа. Кај вториод вид пред променливите има „%“. Ако променливата се вреднува како празна низа, линијата што ја содржи променливата е отстранета од изнесот на податоци.

  • $и/%и

Го прикажува името на лицето во форма на Име, Презиме.

  • $И/%И

Го прикажува името на лицето во форма на Презиме, Име.

  • $ид/%ид

Го прикажува името Грампс ИД поврзан со лицето.

  • $р/%р

Го прикажува датумот на раѓање на лицето.

  • $Р/%Р

Го прикажува местото на раѓање на лицето.

  • $у/%у

Го прикажува датумот на умирање на лицето.

  • $У/%У

Го прикажува местото на умирање на лицето.

  • $с/%с

Го прикажува името на претпочитаниот сопружник на лицето во форма на Име, Презиме.

  • $С/%С

Го прикажува името на претпочитаниот сопружник на лицето во форма на Презиме, Име.

  • $б/%б

Го прикажува датумот на брак на лицето и претпочитаниот сопружник.

  • $Б/%Б

Го прикажува местото поврзано со бракот на лицето и претпочитаниот сопружник.

Заменливите вредности можат да бидат комбинирани. На пример:

$и $ид $р $Р $у $У

ова ќе даде многу информации во прикажаните полиња.

Книги

Во моментов, единствениот достапен извештај во оваа категорија е извештајот Книги.

Извештајот Книги изработува единечен документ (т.е. книга) што содржи збир на графички и текстуални извештаи. Според тоа, ова зема предвид многу богата група на документи што Грампс може да ги изработи.

Кога е избрано Извештаи --> Книги --> Извештај Книги... , се појавува следниот дијалог конфигурација на книга :

Fig. a.1 Извештај Книги

Полето за внес на текст Име на книга се користи за зачувување на книгата (група на конфигурирани избори) за понатамошна употреба. Во горната рамка Достапни ставки се наоѓа список на ставки достапни за вклучување во книгата. Во долната рамка Тековна книга се наоѓа список на тековно избраните ставки што ќе се појават во книгата.

Хоризонталната група на копчиња до полето Име на книга дејствуваат на целата книга. Кликнете на копчето Исчисти (исчисти ја книгата) за да ги исчистите сите ставки од тековната книга. Кликнете на копчето Зачувај за да ја зачувате тековната книга (под името впишано во полето за внес на текст Име на книга ) за понатамошна употреба. Ова ја зачувува тековната група на конфигурирани избори.

Tango-Dialog-information.png
Зачувување конфигурација

Зачувувањето книги, исто така, ја зачувува и конфигурацијата за секоја ставка.


Кликнете на копчето Отвори за да ја вчитате книгата (Отвори претходно направена книга) од списокот на претходно, зачувани книги.

На крајот, кликнете на копчето Уреди книга за да го повикате списокот на достапни книги за уредување (Управувај со претходно направени книги).

Вертикалната група на копчиња, десно од долната рамка, дејствуваат на избраната ставка на книгата. Кликнете на копчето Додади за да ја додадете избраната ставка од достапниот список на тековната книга. Кликнете на копчето Отстрани за да отстраните ставка од тековната книга. Користете ги копчињата Нагоре и Надолу за да го промените редоследот на ставките во тековната книга. Кликнете на копчето Воспоставување за да ги конфигурирате опциите на избраната ставка од тековната книга.

Конфигурациските дијалози повикани со копчето Воспоставување се со специфични ставки. Ако изберете да не ја конфигурирате ставката, зададеното ќе биде искористено за сите потребни опции. Заедничката опција за речиси сите ставки на книгата е централното лице: лицето на кого ставката е поставена. Благодарение на оваа опција, можете да направите книга со ставки поставени на различни лица (на пример: предците на вашите мајка и татко се различни поглавја). По зададено, централното лице е поставено во Активно лице.

Ако се направени сите избори на извештаи за вклучување, кликнете на копчето Во ред. Ова ќе го повика прозорецот Грампс книги. Има едно јазиче со достапни Опции на хартија каде што можете да ја менувате големината и насоката на форматот на хартијата и сите маргини.

Во долниот дел од прозорецот можете да промените некои Опции на документот:

  • Изнесен формат: во паѓачкото мени можете да изберете помеѓу: Отворен Документарен текст, PDF документ или Отпечати... Полето за кликнување е достапно за отворање во OpenOffice.org Обработувач на текст (Word Processor).
  • Име на датотека: зададената вредност е /yourhomedir/book.odt. Кликнете на копчето Зачувај како и можете да ги промените поставките на името на датотеката на вообичаениот начин.

Речиси сите достапни ставки за вклучување во книгата се текстуални или графички и затоа се достапни во форма на самостојни извештаи. Исклучок се следниве ставки, коишто се достапни само како ставки на книга:

  • Насловна страница

Ако сте ја избрале ставката Насловна страница и сте кликнале на копчето Додади за да ја ставите оваа ставка во вашата книга, а потоа кликнете на копчето Параметри (Конфигурирај тековно избрана ставка), ќе добиете прозорец Насловна страница. Достапни се две јазичиња: Текст и Слика. Во јазичето Текст имате достапни три полиња за внес на текст, каде што можете да го смените Насловот, Поднасловот и Подножјето (зададено по авторско право 2008).

Долниот дел од прозорецот покажува некои Опции на документ: овде можете да изберете Стил. Можете да го одберете зададениот стил или да кликнете на копчето Уредувач на стил... Ова го повикува прозорецот Уредувач на стил каде што ќе можете да додадете и отстранувате Стилови.

Линк НАПРАВИ до прозорецот Уредувач на текст

Во јазичето Слика по избор може да се смести слика помеѓу поднасловот и подножјето. Тука има можност Преглед и со копчето Од галерија... можете да ја одберете посакуваната слика преку дијалогот Одберете медиумски објект. Можете, исто така, да ја промените Големината.

Бидејќи можете да ги конфигурирате различните елементи, оваа ставка може да се користи за правење страници со наслови за целата книга, поглавјето, дури и поединечна ставка.

  • Сопствен текст

Оваа ставка изработува страница со три параграфи. секој од нив содржи сопствен текст: Почетен текст, Средишен текст и Краен текст. Полињата за внес на текст се прошируваат така што ќе можете да внесувате текст тука, колку што сакате. Изгледот на текстот може да се приспособи со употреба на сопствени стилови (видете Опции на документ, Насловна страница). Оваа ставка беше планирана за епиграфи, посвети, објаснувања, забелешки итн.

Графички извештаи

Графичките извештаи ги претставуваат информациите во форма на табели и графикони. Најголемиот дел од опциите се заеднички за графичките извештаи, затоа тие ќе бидат опишани само еднаш, на крајот од овој оддел. Неколкуте опции што се специфични за одреден извештај ќе бидат опишани директно во тој внес на извештај.

Во моментов, следниве графички извештаи се достапни во Грампс:

Стебло на предци

Fig. a.2 PDF изнес на стебло на предци

Овој извештај генерира табела на лицата коишто се предци на Активното лице.

  • Опции на хартија: Со Опциите на хартија можете да го промените Форматот на хартијата (Големина и Насока), маргините (Лево, Десно, Горе и Долу) и дали да се употребат метричките вредности или не.
  • Опции на документ: изберете го изнесниот формат: Отворен Документарен текст, PDF документ, Постскрипт, Отпечати... или SVG (Scalable Vector Graphics). Полето за означување е достапно каде што ќе можете да назначите да го отворите направениот документ во OpenOffice.org Обработувач на текст (Word Processor) или Прегледник на документ (PDF датотека).
  • Опции на извештај: Прво е прикажано Централното лице. Со користење на копчето Уреди можете да изберете различно лице. Во следното поле за внес на текст Генерации можете да го промените бројот на генерациите што се земени предвид. Полето за внес Формат на приказ дава можност да ги промените почетните поставки за прикажаните внесови (видете Заменливи вредности).

На крајот, три полиња за означување се достапни: размери за да собере на една страница, вклучи празни страници и смали табела.

Gnome-important.png
Eдинечна страница наспроти повеќекратни страници

Во зависност од тоа дали сте го избрале полето за да собере на една страница, изнесот ќе се простира на една или повеќе страници. Ако количеството на вклучените генерации е голема (да речеме 10), изнесот на една страница ќе биде многу тежок за читање на единечна (А4) страница. Од друга страна, пак, ако не го означите ова поле, ќе добиете многу страници!

Календар

Fig. a.1 Опции на календар на хартија


Овој извештај изработува месечен календар со родендени и годишнини на страница.

  • Опции на хартија: Со овие опции можете да промените:
    • Формат на хартија (Големина и Насока);
    • Маргини (Лево, Десно, Горе и Долу);

и дали да се употребат метричките вредности или не.




Fig. a.1 Опции на календарски документ


  • Опции на документ:
    • Изнесен формат: изберете го изнесниот формат:
      • Отворен Документарен текст;
      • PDF документ;
      • Постскрипт;
      • Отпечати;
      • SVG (Scalable Vector Graphics). Поле за означување е достапно каде што ќе можете да назначите да го отворите направениот документ во OpenOffice.org Обработувач на текст (Word Processor) или Прегледник на документ (PDF датотека);
    • Име на датотека: почетната вредност е /home/<username>/calendar.pdf;
    • Стил: почетно почетен стил . Со Уредувач на стилот... можете да додавате стилови на документи.




Fig. a.1 Опции на календарски извештај
  • Опции на извештај:
    • Година на календар: за која година сакате да биде изработен календарот.
    • Филтер: изберете филтер за да ограничите лица на календарот.
      • Цела база на податоци: не е препорачливо!
      • Потомци на...
      • Семејства на потомци на...
      • Предци на...
      • Лица со заеднички предци со...
      • Секој сопствен филтер што е направен.
    • Централно лице: централното лице за извештајот.
    • Формат на име: Изберете го форматот за приказ на имиња: изберете помеѓу:
      • Презиме, Дадено Патронимско;
      • Дадено презиме;
      • Патронимско, дадено;
      • Дадено.
    • Земја за празници: Изберете ја земјата за да видите поврзани празници, изберете помеѓу:
      • Не вклучувај празници: зададена вредност;
      • Канада / Кина / Германија / Финска / Франција / Шведска / Соединети Американски Држави / Чешка Република.
    • Прв ден од неделата.
    • Роденден на презиме.
    • Полиња за означување:
      • Вклучи само живи лица: вклучи само живи лица во календарот;
      • Вклучи родендени: вклучи родендени во календарот;
      • Вклучи годишнини: вклучи годишнини во календарот.

Fig. a.1 Опции на календарски текст




  • Опции на текст: овде можете да пополните три линии со текст, што ќе биде вклучено на дното од страницата.
    • Област со текст 1: Прва линија со текст на дното на календарот почетна вредност: Мој календар;
    • Област со текст 2: Втора линија со текст на дното на календарот почетна вредност: Изработена од Грампс;
    • Област со текст 3: Трета линија со текст на дното на календарот почетна вредност: http://gramps-project.org/.



Fig. a.1 Резултати на календар

Конечен резултат:








Конечниот резултат може да се види на десната страна.







Calendar tools holidays објаснува како да додадете или промените празници што се појавуваат при изнесот на календарскиот додаток.

Стебло на потомци

Овој извештај генерира табела на лицата коишто се потомци на Активното лице. Специфичните опции го вклучуваат форматот на прикажаните внесови.

Овој извештај изработува месечен календар со родендени и годишнини на страница.

  • Опции на хартија: Со овие опции можете да промените:
    • Формат на хартија (Големина и Насока)
    • Маргини (Лево, Десно, Горе и Долу)

и дали да се употребат метричките вредности или не.


  • Опции на документ:
    • Изнесен формат: изберете го изнесниот формат:
      • Отворен Документарен текст
      • PDF документ
      • Постскрипт
      • Отпечати...
      • SVG (Scalable Vector Graphics). Полето за означување е достапно каде што ќе можете да назначите да го отворите направениот документ во OpenOffice.org Обработувач на текст (Word Processor) или Прегледник на документ (PDF датотека).
    • Име на датотека: почетната вредност е /home/<username>/descend_chart.pdf.
    • Стил: почетно почетен стил . Со Уредувачот на стил... можете да додавате Стилови на документи.

Fig. a.1 Опции на стебло
  • Опции на стебло:
    • Централно лице: централно лице на стеблото.
    • Генерации: Бројот на генерации што ќе се вклучи во стеблото. Почетно: 10 генерации
    • Формат на приказ: Формат на приказ на полето за изнес. Почетно е:
$и
р. $р
у. $у
    • Поле за означување: Размери за да собере на една страница. намали табела.
    • Поле за означување: Вклучи празни страници.
    • Поле за означување: Намали стебло: дали да се смали стеблото или не.

Fig. a.1 Резултат на Стебло на потомци

Конечен резултат:








Конечниот резултат може да се види на десната страна.



Gnome-important.png
Eдинечна страница наспроти повеќекратни страници

Во зависност од тоа дали сте го избрале полето за да собере на една страница, изнесот ќе се простира на една или повеќе страници. Ако количеството на вклучените генерации е големо (да речеме 10), изнесот на една страница ќе биде многу тежок за читање на единечна (А4) страница. Од друга страна, пак, ако не го означите ова поле, ќе добиете многу страници!

Табела-вентилатор

Fig. a.3 Опции на Табела-вентилатор

Овој извештај изработува табела во вид на вентилатор, со Активно лице во центарот, родителите во полукругот до него, бабите и дедовците во следниот полукруг итн., вкупно до пет генерации.

Fig. a.4 Табела-вентилатор
  • Опции на хартија: Со Опциите на хартија можете да го промените Форматот на хартијата (Големина и Насока), маргините (Лево, Десно, Горе и Долу) и дали да се употребат метричките вредности или не.
  • Опции на документ: изберете го изнесниот формат: Отворен Документарен текст, PDF документ, Постскрипт, Отпечати... или SVG (Scalable Vector Graphics). Полето за означување е достапно каде што ќе можете да назначите да го отворите направениот документ во OpenOffice.org Обработувач на текст (Word Processor) или Прегледник на документ (PDF датотека).
  • Опции на извештај: Прво е прикажано Централното лице. Со користење на копчето Уреди можете да изберете различно лице. Во следното поле за внес на текст Генерации можете да го промените бројот на генерациите што се земени в предвид.

Следно поле за внес Вид на графикон: изберете од паѓачкото мени: полн, половина или четвртина круг. Следно поле за внес Заднинска боја: изберете бела или во зависност од генерацијата. Следно поле за внес Насока на радијален текст: изберете исправено или заоблено.

Табела на статистика

Fig. a.5 Табела на статистика

Овој извештај може да собере и прикаже богатство на статистички податоци за вашата база на податоци. Специфичните опции за вклучување во статистиката вклучуваат филтер, начини на подредување и дополнителни граници за раѓање и пол. Исто така, можете да поставите минимален број ставки за определување на бар-графиконот, така што графиконите со помалку ставки ќе генерираат пита наместо бар-табела. Јазичето Избор на табела овозможува да означите кои табели сакате да ги вклучите во вашиот извештај.

  • Опции на хартија: Со Опциите на хартија можете да го промените Форматот на хартијата (Големина и Насока), маргините (Лево, Десно, Горе и Долу) и дали да се употребат метричките вредности или не.
  • Опции на документ: изберете го изнесниот формат: Отворен Документарен текст, PDF документ, Постскрипт, Отпечати... или SVG (Scalable Vector Graphics). Полето за означување е достапно каде што ќе можете да назначите да го отворите направениот документ во OpenOffice.org Обработувач на текст (Word Processor) или Прегледник на документ (PDF датотека).
  • Опции на извештај:
    • Филтер: одредува кои лица ќе бидат влкучени во извештајот. Можете да ја изберете целата база на податоци или потомците на одредено лице, лица со заеднички предок како... или почетен/заеднички направен филтер.
    • Лице на филтер: Централното лице на филтерот: достапно само ако е избран филтер, а не целата база. Копчето уреди овозможува да изберете друго лице на филтерот.
    • Подреди ги ставките по: Изберете како се подредени статистичките податоци: Изберете број на ставки или име на ставка од паѓачкиот список.
    • Поле за означување: подреди по обратен редослед.
    • Лица родени по: Година на раѓање од која ќе се вклучат лица: впишете година од која ќе се почне.
    • Лица родени пред: Година на раѓање до која ќе се вклучат лица: впишете година.
    • Поле за означување: Дали да се вклучат лица со непознати години на раѓање.
    • Вклучен пол: Изберете кои полово ќе бидат вклучени во статистиката. Изберете обата, машки или женски.
    • Максимален број на ставки за пита: Со помалку ставки наместо бар-табела ќе се употреби пита со легенда. Изберете број од паѓачкиот список.
Fig. a.6 Опции на табелата за статистика
  • Табели 1: 9 полиња за означување се достапни за вклучување на табели со означените податоци:
Fig. a.6 Резултати
Fig. a7 Резултати
    • Возраст
    • Место на умирање
    • Месец на умирање
    • Возраст кога било родено првото дете
    • Наслов
    • Возраст кога било родено последното дете
    • Месец на раѓање
    • Возраст при склопување брак
    • Возраст на лицето кога умрело
  • Табели 2: 10 полиња за означување се достапни за вклучување табели со означените податоци:
    • Вид на настан
    • Број на деца
    • Место на склопување брак
    • Број на врски
    • Презиме
    • година на умирање
    • Пол
    • Име
    • Година на раѓање
    • Место на раѓање


Ако се пополнети сите потребни информации, кликнете на Во ред за да почне собирањето податоци. Ќе се прикаже развојна линија: Собирање податоци... -> Подредување податоци...-> Зачувување табели...





Сликата го прикажува резултатот на Возраст кога било родено првото дете за сите жени родени помеѓу 1500 и 2008 година. За најголемиот број (576) лица недостасуваат лични информации; за други информација за раѓање; но за 33 жени нивното прво дете го родиле на возраст од 20 години. За подробните информации можни се понатамошни расчленувања: пресметај просек, std. dev. итн.

Хронолошка табела

Овој извештај претставува список со лица со нивните животни векови претставени со интервали на обична хронолошка линија. Специфичните опции вклучуваат филтер, начини на подредување и насловот на извештајот.




Графикони

Графикон за Семејни лози

Пример за графикон генериран со употреба на FamilyLines.py, без минијатури.
Пример за графикон генериран со употреба на FamilyLines.py, со минијатури.

Додатокот FamilyLines.py е создаден за генерирање лесни-за-следење графикони. Забележете дека Семејни лози не ги прикажува сите лица во базата -- наместо тоа, додатокот генерира помали семејни стебла, со многу опции за ограничување на бројот на лицата што треба да се вклучат.




Вообичаената употреба на овој додаток е генерирање на поедноставени графикони испечатени на големи исцртувачи.





Fig. xx
  • GraphViz опции: Овој додаток користи GraphViz. GraphViz зема .dot датотеки и создава крајни датотеки, како .gif, .png, .pdf, .ps итн.

Ова прво јазиче овозможува да бидат поставени неколку GraphViz опции:

    • Ширина: ширината, во инчи, на конечната слика. Поставете на голем број ако генерира .png или .gif датотеки.
    • Висина: висината, во инчи, на конечната слика. Поставете на голем број ако генерира .png или .gif датотеки.
    • ТВИ: точки во инч. Вообичаено помеѓу 75 и 120 ако генерирате .png или .gif датотеки, но 300 или 600 ако генерирате датотеки што ќе ги печатите.
    • Растојание меѓу редови: белиот простор што треба да се остави, во инчи, помеѓу редовите.
    • Растојание меѓу колони: белиот простор што треба да се остави, во инчи, помеѓу колоните.
    • Правец на графикон: дали стеблото да расте од лево кон десно или од десно кон лево.
    • Пропорција: GraphViz го користи ова за одредување на позицијата на ставките. Само со обид за генерирање ќе можете да определите која опција е најдобра. (Кога се двоумите, компресирање се обидува да работи.)



Fig. xx Лица со предност
  • Лица со предност: Додатокот FamilyLines.py работи со почнување со список на „лица со предност“. Овој почетен список на лица потоа се користи за да се пронајдат предците и потомците.
    • Лица со предност: кликнете на „+“ и „-“ за да додадете/отстраните лица со предност. Кога се двоумите, обидете се со додавање на вашите баба и дедо како почетно место.
    • Следи родители за утврдување на семејна лоза: кога е избрано, ова предизвикува FamilyLines.py да ги следи родителите за да го одреди целиот список на лица со предност. Веројатно ќе сакате ова да биде избрано.
    • Следи деца за утврдување на семејна лоза: кога е избрано, ова предизвикува FamilyLines.py да ги следи децата на лицата со предност.
    • Обиди се да отстраниш вишок лица и семејства: кога е избрано, ова предизвикува агресивен обид на FamilyLines.py да ги отстрани вишокот предци и семејства од семејното стебло.



  • Семејни бои
Fig. xx Семејни бои

Изберете ја бојата за лицата со специфично презиме. Кликнете на „+“ или „-“ за да додадете презиме. Двоен клик на презимето за да ја уредите бојата.


  • Поединци
Fig. Поединци
    • Машки, Женски, Непознато: бојата за лицата чиишто презимиња не се совпаѓаат со ниедно од презимињата во јазичето „Семејни бои“.
    • Семејства: бојата за семејства (венчавки).
    • Ограничи број родители: ако е изберено, тогаш бројот на предци ќе биде ограничен од прикажаната врдност. Ова може да биде изберено само ако „Следи родители“ било, исто така, изберено во јазичето „Лица со предност“.
    • Огранчи број деца: ако е изберено, тогаш бројот на децата ќе биде ограничен од прикажаната вредност. Ова може да биде изберено само ако „Следи деца“ било, исто така, изберено во јазичето „Лица со предност“.



  • Опции
Fig. xx Опции
    • Вклучи датуми: кога е ова изберено, датуми на раѓање, умирање и склопување брак ќе бидат вклучени во графиконот.
    • Вклучи места: кога е ова изберено, место на раѓање, умирање и склопување на брак ќе биде вклучено во графиконот.
    • Вклучи број на деца: кога е ова изберено, текстот за брак ќе вклучи вкупен број на деца.
    • Вклучи истражувач и датум: кога е ова изберено, на дното од графиконот ќе биде сместена ознака.
    • Вклучи лични записи: кога е ова изберено, лицата и настаните означени како лични ќе бидат вклучени во графиконот.



  • Генерирање графикони

Кога еднаш FamilyLines.py ќе изработи .dot изнесна датотека (defaults to ./familylines.dot), ќе биде потребно GraphViz пакетот да го создаде крајната изнесна датотека. Ако GraphViz сѐ уште не е инсталиран, можете да го преземете од http://www.graphviz.org/.

Некои чести примери на наредби што се користат за генерирање на графикони од familylines.dot датотеката:

dot -v -Tgif -ofamilylines.gif familylines.dot
dot -v -Tpng -ofamilylines.png familylines.dot
dot -v -Tpcl -ofamilylines.pcl familylines.dot
dot -v -Tps -ofamilylines.ps familylines.dot
Smith John Hjalmar as center person

Графикон-песочен часовник

Графикон за врски

Графиконот за врски прави сложен графикон на врски во GraphViz формат и потоа го претвора во графички изнес извршувајќи го преку GraphViz dot алатката во заднина. Во специфичните опции за овој извештај се вклучени филтер, избор на датуми и места за настаните и избор дали да се вклучат URL и ИД за поединици и семејства. Исто така, има неколку GraphViz-специфични опции поврзани со пагинирање (распоредување на текстот во страници со последователно нумерирање), боја и подробности на графиконот. Овој додаток користи GraphViz. GraphViz ги зема .dot датотеките и креира крајни датотеки, како .gif, .png, .pdf, .ps итн.

Опции на графикон

Преку менито: Извештаи -> Графикони -> Графикон за врска... ќе добиете прозорец Графикон за врска каде што ќе можете да ги промените сите поставувања. Прозорецот е подделен на два дела. Еден дел овозможува за сите достапни и различни јазичиња, вториот дел има Опции на документ.

Fig. xx Опции на хартија
  • Опции на хартија

Првото јазиче, како и секаде за извештаите, ги приспособува Форматот на хартија и Маргините.

Полето за означување управува дали имате метрички големини или не.


Графиконите на врска можат набрзина да станат многу големи.



Поставување на форматот на хартијата е неопходно за успех.



Fig. xx Опции на извештај
  • Опции на извештај: Неколку важни опции се наоѓаат овде:
    • Филтер: Вообичаените опции овде се: целата база (не е препорачливо!), Потомци на, Семејства на потомци на, Предци на, Лица со заеднички предок со или филтер направен по сопствен избор.
    • Филтер за лице: Ако употребите сопствен филтер, нема да може да се одбере Лице. Затоа, изберете го точното лице овде. Тука има неколку полиња за одбележување:
      • Вклучи датуми на раѓање, умирање и склопување брак
      • Ограничи датуми само на години
      • Употреби место кога нема датум
      • Вклучи URL
      • Вклучи ИД
      • Вклучи минијатури на лица: со одбележување на ова поле добивате уште едно поле за внес Местоположба на минијатура
    • Местоположба на минијатура: активно само кога е одбележано претходното поле: можностите се над или до името



Fig. xx Стил на графикон
  • Стил на графикон
    • Боја на графикон: Машките ќе бидат прикажани со сино, женските со црвено. Ако полот на поединецот е непознат, ќе биде прикажан со сиво. Изборот е:
      • Боја на обиколување Colored outline
      • Црно-бело обиколување B&W outline
      • Полнење во боја
    • Правец на стрелка: Изберете го правецот што го покажува стрелката: Потомци <- Предци, Потомци -> Предци, Потомци <-> Предци, Потомци - Предци
      • Употреби заоблени агли: Употреби заоблени агли за да направите разлика помеѓу жени и мажи
      • Означи не-родени врски со линии со точки: Не-родени врски ќе се прикажат со линии со точки во графиконот.
      • Покажи семејни јазли: Семејствата ќе се појават како елипси, поврзани со родителите и децата

Fig. xx GraphViz изглед
  • GraphViz изглед
    • Фонт на семејство: Изберете го фонтот на семејството. Ако не се покажуваат меѓународни знаци, користете го фонтот Фрисанс . Фрисанс е достапен од the NonGNU org.
      • Почетно
      • Постскрипт/ Хелветика
      • Трутајп / Фрисанс
    • Големина на фонт: Големината на фонтот во точки
    • Насока на графикон: Дали графиконот да оди одгоре-надолу или одлево-надесно
      • Вертикално (одгоре-надолу)
      • Вертикално (оддолу-нагоре)
      • Хоризонтално (одлево-надесно)
      • Хоризонтално (оддесно-налево)
    • Број на хоризонтални страници: GraphViz може да креира многу големи графикони преку простирање на графиконот врз правоаголно поле на страници. Ова го управува бројот на страниците во полето хоризонтално. Важечко само за dot, postcript и pdf преку Ghostscript.
    • Број на вертикални страници: GraphViz може да креира многу големи графикони преку простирање на графиконот врз правоаголно поле на страници. Ова го управува бројот на страниците во полето вертикално. Важечко само за dot, postcript и pdf преку Ghostscript.
    • Насока на страници: Редоследот по кој страниците со графикони се изнесени. Ова се применува само ако бројот на хоризонталните и вертикалните страници се повеќе од 1.

Fig. xx GraphViz опции
  • GraphViz опции
    • Сооднос: Има големо влијание на тоа како графиконот е претставен на страницата.
      • Минимален број
      • Пополни го дадениот простор
      • Употреби го најсоодветниот број на страници
    • ** ТНИ: точки на инч. Вообичаено помеѓу 75 и 120 за генерирање на g .png или .gif датотеки, но 300 или 600 ако генерира датотеки за печатење. Кога создава слики како .gif или .png датотеки за веб, обидете се со бројки како 100 или 300 ТНИ. Кога созадавате Постскрипт или PDF, користете 72 ТНИ.
    • Растојание меѓу јазли: Најмалиот слободен простор, во инчи, помеѓу поединечните јазли. За вертикални графикони, ова одговара за растојанието меѓу колоните. За хоризонтални графикони, ова одговара на растојанието помеѓу редовите. Почетната вредност е 0.20.
    • Растојание меѓу низи: Најмалиот слободен простор, во инчи, помеѓу низите. За вертикални графикони, ова одговара за растојанието меѓу редовите. За хоризонтални графикони, ова одговара на растојанието помеѓу колоните. Почетната вредност е 0,20.



Fig. xx Забелешка
  • Забелешка:
    • Забелешка додадена на графиконот: Овој текст ќе биде додаден на графиконот.
    • Местоположба на забелешка: Дали забелешката ќе се појави на горниот или долниот дел од страницата.
    • Големина на забелешка: Големината на забелешката, во точки.


Опции на документ

  • Изнесен формат: достапни формати се: PDF (Ghostscript и GraphViz), Постскрипт, SVG, SVGz, JPEG, GIF, PNG и GraphViz Dot датотека.
  • Име на датотека: одберете каде ќе биде зачувана датотеката и под кое име.

.Dot датотеки

Ако користите .dot датотеки морате да сфатите дека тие датотеки се наменети за обработка од други програми. Сами по себе, датотеките нема да обезбедат полнозначни информации; датотеките треба да бидат обработени прво од друга програма.

GraphViz 'dot' алатката може да го преобрази графиконот во постскрипт, jpeg, png, vrml, svg и во други формати. GraphViz алатките се бесплатни на GraphViz site.

Затоа, бидете сигурни дека го имате Graphviz инсталирано. Користете го вашиот управувач на „Линукс“.


На Ubuntu Hardy вистинската верзија е 2.16.3ubuntu2. Датотеката е само 1,2 мегабајти и обезбедува многу наредби како: dot, gvcolor, dijkstra...


Ubuntu Gutsy корисниците можат да го добијат deb-пакетот преку Synaptic или линијата со наредби (вистинската верзија е GraphViz 2.12).


Tango-Dialog-information.png
Совет

Ако не сте заинтересирани за GraphViz кодот и сакате да генерирате само графички изнес, Грампс може да го стори тоа скриено.


Можете да најдете подробно објаснување во упатството на How to make a relationship chart

Пример

Fig. xx Пример за Семејство на потомци на...


Ајде да направиме еден едноставен пример. Сакаме да изработиме графикон на врски со Семејството на потомците на одредено лице.

  1. Прво, проверете дали ова лице е активното лице. (Променете го ова подоцна, но вака е посоодветно.)
  2. Одете преку менито Извештаи -> Графикони -> Графикон на врска...
  3. Големина на хартија: A4 метрички пејзаж: знаеме дека нема да има премногу лица на графиконот, ама тоа е во ред.
  4. Опции на извештај: филтер: Семејства на потомци на... проверете ги вклучените датуми, ограничени на години и исто така и ИД.
  5. Стил на графикон: Полнење во боја, заоблени агли и покажи Семејни јазли.
  6. GraphViz изглед: Големина на фонт: 15 точки Фрисанс насока: одгоре-надолу.
  7. GraphViz опции: Пополни ја дадената област тни (dpi) 133.
  8. Забелешка : додаваме наслов на врвот со големина: 18 точки.
  9. Изнесен формат: сакаме JPEG датотека и по изработувањето на графиконот да отвориме Прегледник со слики.


Резултатот можете да го видите во сликата од десната страна.

Текстуални извештаи

Текстуалните извештаи ги претставуваат посакуваните информации во форматиран текст. Најголемиот број од опциите се заеднички за текстуалните извештаи, затоа ќе бидат опишани само еднаш, на крајот од овој оддел. Опциите што се специфични за одреден извештај ќе бидат објаснети директно во тој внес на извештај.

Следните текстуални извештаи се моментно достапни во Грампс:

Ахнентафел извештај

Fig. a.1 Опции на извештај

Овој извештај прави список на Активното лице и неговите или нејзините предци заедно со нивните важни податоци.

Лицата се набројани на посебен начин, наречен Ахнентафел.

Активното лице е број 1. Неговите или нејзините родители имаат 2 и 3, соодветно.

Ова правило се однесува на секое лице наназад по генерации: родителите на таткото се со броевите 4 и 5, а родителите на мајката се со броевите 6 и 7, татковците секогаш со парни, а мајките со непарни.

Затоа, за секое лице што го има бројот Б во ова стебло, броевите за таткото и мајката се 2Б и 2Б+1, соодветно.

   лице = б
   татко = 2б
   мајка = 2б+1

Секој внес ќе се состои од единечен параграф и треба да го содржи следново:

  • Број на лице.
  • Име на лице.
  • Информации за раѓање, ако се достапни.
  • Информации за умирање, ако се достапни.
  • Информации за закоп, ако се достапни.


  • Опции на хартија: Со овие опции можете да смените:
    • Формат на хартија (Големина и Насока)
    • Маргини (Лево, Десно, Горе и Долу)

и дали да употреби метрички вредности или не.


  • Опции на документ:
    • Изнесен формат: изберете го изнесниот формат:
      • HTML документ
      • LaTex
      • Отворен Документарен текст
      • PDF документ
      • Отпечати...
      • RTF документ
      • обичен/чист документарен текст

Со полето за означување можете да означите да се отвори направениот документ во OpenOffice.org Обработувач на текст (Word Processor) или Прегледник на документ (PDF датотека).

    • Име на датотека: зададената вредност е /home/<username>/ancestor_report.pdf.
    • Стил: зададен зададен стил . Со Уредувачот на стил... можете да додавате Стилови на документ.

  • Опции на извештај:
    • Централно лице: централното лице за извештајот.
    • Генерации: Бројот на генерации што треба да се вклучи во извештајот. Зададена вредност : 10 генерации
    • Поле за означување: Прекинување страница помеѓу генерации: Дали да се почне со нова страница по секоја генерација?
    • Поле за означување: Додади прекинување на линија по секое име: Означува ако линија за прекинување треба да следи по името.
    • Поле за означување: Собери стебло: дали да се собере стеблото или не.

Fig. a.1 Резултат на Ахнентафел извештај

Конечен резултат:


















Извештај за родендени и годишнини

Fig. a.1 Опции на извештај

Овој извештај ги дава истите информации како и календарот, но во текстуален формат.


  • Опции на извештај: Со овие опции можете да смените:
    • Формат на хартија (Големина и Насока)
    • Маргини (Лево, Десно, Горе и Долу)

и дали да употреби метрички вредности или не.


  • Опции на документ:
    • Изнесен формат: изберете го изнесниот формат:
      • HTML документ
      • LaTex
      • Отворен Документарен текст
      • PDF документ
      • Отпечати...
      • RTF документ
      • обичен/чист документарен текст

Со полето за означување можете да означите да се отвори направениот документ во OpenOffice.org Обработувач на текст (Word Processor) или Прегледник на документ (PDF датотека).

    • Име на датотека: зададената вредност е /home/<username>/birtday_report.pdf.
    • Стил: зададен зададен стил . Со Уредувачот на стил... можете да додавате Стилови на документ.

  • Опции на извештај:

Видете опции на календарскиот извештај.


Fig. a.1 Резултат на Извештај на родендени

Конечен резултат:


















Целосен извештај за поединец

Овој извештај овозможува поединечно резиме, слично на Извештајот за Резиме на поединец (gramps 2.0.x). Предноста на овој извештај е посебната опција на филтерот. Во зависност од изборот на филтерот (само Активно лице, неговите или нејзините потомци, неговите или нејзините предци или, пак, целата база), извештајот може да содржи од едно до повеќе поединечни резимеа. Друга множност за овој извештај е вклучувањето на информациите за извор кога се попишуваат настаните.

Извештај за потомци

Овој извештај изработува краток опис на потомците на Активното лице. Специфични опции: број на генерации нанапред што треба да се земат предвид.

Подробен извештај за предци

Овој извештај подробно ги следи предците на активното лице. Вклучува важни податоци (информации за раѓање и умирање), како и бракови. Специфични опции: број на генерации наназад што треба да се земат предвид, како и различни други опции што овозможуваат прецизни содржини што треба да се вклучат.

Подробен извештај за потомци

Овој извештај подробно ги следи потомците на активното лице. Вклучува важни податоци (информации за раѓање и умирање), како и бракови. Специфични опции: број на генерации нанапред што треба да се земат предвид.

Извештај за завршеток на лоза

Ова овозможува список на последните познати предци на лицето, со потеклото, подредено по генерации.

Извештај за семејна група

Ова изработува извештај за семејна група, прикажувајќи информации на група од родители и нивните деца. Специфични опции: сопружникот (достапно само ако Активното лице има повеќе од еден сопружник).

Извештај за сродство

Ова го обезбедува сродството на избраното лице според степенот на пребарувањето (нагоре, надолу по генерации) од корисникот.

Извештај за означувачи

Ова прави список на примарни објекти (лице, семејство, забелешки) што се совпаѓаат со избраниот обележувач.


Намален

  • Севкупен извештај за предци: Овој извештај изработува целосен опис на предците на Активното лице. Тука е потенциран разработен распоред, слики на деца, поранешни и сегашни сопружници и цитати за извори. Специфични опции: број на генерации наназад што треба да се земат предвид, дали да се цитираат извори и дали да се прекинат страниците меѓу генерациите.
  • FTM изглед на извештај на предци: Овој извештај изработува извештај на предци, сличен на тој што ја изработува програмата за Изработување семејно стебло (tm). Ги покрива подробно информациите за Активното лице и неговите/нејзините предци. Вклучува важни информации за бракови, деца и забелешки. Специфични опции: број на генерации наназад што треба да се земат предвид.
  • FTM изглед на извештај на потомци: Овој извештај изработува извештај на потомци, сличен на тој што го изработува програмата за Изработување семејно стебло (tm). Ги покрива подробно информациите за Активното лице и неговите/нејзините потомци. Вклучува важни информации за бракови, деца и забелешки.Специфични опции: број на генерации нанапред што треба да се земат предвид.
  • Резиме на поединец: Овој извештај изработува подробно резиме на активното лице. Во извештајот се вклучени сите факти познати на базата на податоци за тоа лице.

Заеднички опции

Заедничките опции за текстуалните извештаи се име на датотеката за изнес, форматот на изнесот, избраниот изглед, големина на страница и насока. За HTML извештаи, нема информација за страница. Наместо тоа, HTML опциите вклучуваат избор на HTML образец или достапен на Грампс или сопствен образец дефиниран од вас. Дополнително, извештаите можат да бидат непосредно отворени со зададената апликација.

Tango-Dialog-information.png
Совет

Опциите користени за извештаите се доследни: секој извештај ги помни своите опции употребени претходниот пат.


Поглед

Прегледните извештаи претставуваат целосни резимеа на информациите во базата достапни веднаш за „гледање на екран“. Следните прегледни извештаи се моментно достапни во Грампс:

Неповрзани

Fig. a.a Неповрзани

Овој извештај ќе пронајде лица што не се поврзани со избраното лице. Можете да извршувате со овој поглед преку менито Извештаи --> Поглед --> Неповрзани....

Ќе добиете прозорец Неповрзан со '...' што прикажува список со лица што НЕ се поврзани со избраното лице.

Овој список дава:

  • Име
  • ИД
  • Родители
  • Означувач

Со копчињата со десна стрелка и долна стрелка можете да го соберете или проширите списокот. Со двојно кликнување на лицето ќе се подигне прозорец со подробен уредувач за лицето или прозорец со подробен уредувач за семејството.

Ако изберете лице можете да го користите полето за текст Означувач: 3 избори се можни: празно (можете да го пополните со што сакате), НАПРАВИ и Неповрзани. Со Примени можете да го примените означувачот на лицето. Тогаш овој означувач ќе се појави во колоната од десната страна.

Број на предци

Fig. a.a Број на предци


Овој извештај го прикажува бројот на предците на активното лице.


Само изберете го лицето и кликнете на менито Извештај --> Поглед --> Број на предци....

Прозорецот ќе се појави со список со подробности:

генерација 1 има 1 поединец : 100% : ова е лицето со коешто сте почнале генерација 2 има 2 поединци : 100% : обата родители се познати


генерација 8 има 35 подинци : 27.34 % : ова значи дека од (2**7) 128 можни предци во генерацијата 8, 27% се познати.

Вкупно предци во генерацијата 2 за .. е исто така дадено во бројки и проценти.

Со копчето Затвори го затворате прозорецот и овој извештај.

Резиме на базата на податоци

Fig. a.b Резиме

Овој извештај ја прикажува целосната статистика што се однесува на бројот на поединци од секој пол, различни нецелосни статистички податоци, како и семејна и медиумска статистика.

Можете да го извршите овој извештај преку менито Извештај --> Поглед --> Резиме на базата на податоци...

  • Поединци: прикажани се бројки во различните категории
    • Број на поединци
    • Машки
    • Женски
    • Поединци со непознат пол
    • Поединци со нецелосни имиња
    • Поединци на коишто им недостасуваат датуми за раѓање
    • Поединци со прекинати врски
  • Информации за семејство:
    • број на семејства
    • Ретки презимиња
  • Медиумски објекти:
    • Поединци со медиумски објекти
    • Вкупен број на упатувања на медиумски објекти
    • Број на единствени медиумски објекти
    • Вкупна големина на медиумски објекти: во бајти
  • Медиумски објекти што недостасуваат: ова ќе ја прикаже целосната патека и имињата на датотеките на секој медиумски објест што недостасува.

Информациите во овој извештај се исти како и на Statistics_Gramplet

Веб-страници

Раскажано веб-место

fig. c.1 Поединечна страница со список во Мајнц стил

Еден од извештаите во оваа категорија е извештајот Раскажано веб-место. Генерира веб-место (т.е. група на поврзни веб-страници), за група на избрани лица.

Вовед

GRAMPS 2.0.6 го воведе Narrative Web-генераторот. GRAMPS 3.2 извештајот Раскажано веб-место обезбедува напредната функционалност, поддршка за веб-стандарди и дополнителни карактеристики. Новиот извештај прави страници што тесно го следат World Wide Web Consortium’s Препораки за XHTML 1.0 Strict и CSS 1. Овие препораки вклучуваат одделување на содржината од претставувањето. Поради ова, стилот и изгледот на новите веб-страници можат целосно да бидат управувани од една CSS стилизирана страница без променување на поединечни страници.

Тука се прикажани повеќе информации за секое лице, заедно со информациите за изворите, местата и медиумските објекти. Воведни страници можат да се додадат за да обезбедат дополнителни информации, како што е семејна историја.

Генеалошките записи можат да генерираат многу датотеки. Многу веб-сервери имаат тешкотии со огромниот број на датотеки во еден директориум. Овој извештај тежнее да го задржи бројот на датотеки во директориумот на ниво лесно за ракување. За да се направи ова, се создава хиреархија на директориуми. Генерираните имиња на датотеките не се интуитивни, но се единствени за секое лице. Следни извршувања ќе генерираат идентични имиња на датотеки, правејќи го лесно ажурирањето на специфичните датотеки.

Ако имате проблеми со пренесувањето на датотеките на надворешен веб-хост, можете да направите единечна gzip'd tar датотека за полесно подигнување на податоците. (Ве молиме, користете го овој метод ако сакате да го употребите Грампс веб-хостирачкото место.)

За да ја изберете gzip'd tar датотеката, изберете Зачувај веб-страници во .tar.gz архивската опција.

Користење на извештајот

Извештајот Раскажано веб-место му овозможува на корисникот опции што обезбедуваа широк опсег на поставувања. Можете да го извршите овој извештај преку менито Извештаи --> Веб-страници --> Раскажано веб-место...

Прозорецот со дијалог на овој извештај Раскажано веб-место има четири јазичиња: Опции на извештај, Генерација на страница, Личност и Напреднато. Секое од овие јазичиња е прегледано подолу.

Gnome-important.png
Цела База на податоци

Бидете свесни дека ако ја изберете целата ваша база како филтер, ќе се генерираат голем број датотеки (во зависност од големината на вашата база). Се препорачува да почнете со филтер (на пример: предци на одредено лице) за да го поедноставите изнесот додека учите за приклучокот.

Опции на извештај

fig. c.2 Подробна поединечна страница во Небраска стил
Зачувај страници во .tar.gz архивата
Големиот број датотеки и директориуми во овој веб-изнес може да го направи тешко пренесувањето на датотеките на надворешен веб-домаќин. Грампс може да ги зачува сите ваши Раскажани веб-датотеки во една компресирана архива преку употреба на gzip и tar формати (познато како „tarball“). Оваа поединечна датотека може брзо да биде префрлена на вашиот сервер. За жал, сите веб-сервери не го поддржуваат овој начин на зачувување веб-датотеки, затоа обратете се кај вашиот домаќин-доставувач за повеќе информации.
Бесплатната генеалошка страна за хостирање овозможена од ГРАМПС организацијата ќе ги прифати вашите датотеки во компресирана архива. Дознајте повеќе за оваа страница на http://library.gramps-project.org
Одредиште
Изнесот на Раскажаниот веб-извештај по зададено е зачувано овде /yourhomedirectory/NAVWEB. Овој избор дозволува да го зачувате вашиот изнес на извештај до одредиште по ваш избор.
Филтер
Како претходниот генератор на веб-страницата и другите Грампс извештаи, можете да управувате што ќе вклучите во изнесот преку избирање филтер. Неколку почетни филтри се понудени, но можете да си направите сопствен филтер за вашите специфични потреби. Дознајте повеќе за сопствените филтри овде: Филтер.

Секое лице коешто се совпаѓа со овој филтер, а не е вклучено во правилата за личност, ќе биде вклучено во изнесот. Почетниот филтер ги вклучува сите лица во базата на податоци.

Филтер за лица
Оваа опција не е активна ако примарната опција на филтерот е поставена на „Цела база на податоци“. Филтрите вообичаено се предмет на тоа како еден одреден поединец е поврзан со други поединци. Оваа опција овозможува одредување на основниот поединец. Користете го копчето Уреди за да го одберете кое било лице од базата.
Наслов на веб-место
Зададениот наслов на веб-местото е Моето семејно стебло. Можете да внесете сопствен наслов во оваа опција.
Проширување на датотека
Проширувањето на датотеката што ќе се користи за веб-датотеките. Изберете од .html зададена вредност, .htm, .shtml, .php, .php3 или .cgi.
Авторски прави
Кога краирате јавно веб-место, многу е важно да ги одредите условите за авторските права по коишто ќе ги објавувате вашите податоци. Меѓународниот закон за авторски права ги заштитува сите права на вашите податоци и нивната тајност. Вие ги поседувате податоците и поединците мораат да имаат ваша дозвола ако сакаат да ги користат вашите податоци. Во генеалошкото истражување, споделувањето на податоците со други истражувачи е честа пракса. Во основа, Раскажаниот веб-извештај го употребува авторското право: Сите права се задржани. Другите опции ја вклучуваат лиценцата на Криејтив комонс, нудејќи широк избор на ограничувања или ниедно од нив. Дознајте повеќе за ова на http://creativecommons.org/
Енкодирање на група карактери
Грампс е меѓународна апликација развиена со многу јазици и преводи. Поради ова, почетната група на карактери за HTML страница е UTF-8, што поддржува широк опсег на меѓународни карактери и симболи. Од списокот во паѓачкото мени можете да изберете од мноштвото енкодирачки групи ISO-8859- или дури и енкодирачката група koi8_r. Во суштина, има поддршка за сите познати енкодирања на групи карактери. Ако имате проблеми со прикажување на карактерите во вашите веб-страници, ќе треба да изберет енкодирачка група што е компатибилна за средината на вашиот веб-сервер.
fig. c.3 Basic Style - 5 Color Choices
Стилизирана страница
Грампс овозможува избор од седум вградени стилизирани страници од коишто можете да го одредите изгледот или вашите веб-страници. Во GRAMPS 3.2 можете да изберете помеѓу стиловите Бејзик (боите се: пепел, чемпрес, јоргован, праска или смрека), Мајнц или Небраска . Имате избор и да не ставите стилизирана страница (Без стилизирана страница). Без разлика на тоа кој стил сте го избрале, името на датотеката на стилизираната страница е narrative.css. Можете да ја уредувате оваа датотека за понатамошно приспособување по сопствен избор на изгледот на вашите веб-страници.
Ако направите промени на вашата стилизирана страница, треба да знаете дека при регенерирање на вашите страници до истото одредиште за изнес, ќе биде превпишано врз вашата сопствена стилизирана страница. За да ја задржите вашата сопствена страница низ следните ажурирања на веб-страниците, изберете Без стилизирана страница.
сликите figures c.1, c.2 и c.3 се примери за тковните стилови вклучени во GRAMPS 3.2
Вклучи графикон на предци
Со означувањето на ова поле ќе се вклучи графикон на предци на секоја поединечна подробна страница, ако имаат дефинирано предци во вашата база на податоци.
Генерирања графикон
Оваа опција не е активна ако опцијата „Вклучи графикон на предци“ не е означена. Почетниот број на генерациите прикажани во графиконот на предци е 4 со можност за промена на 2, 3, 4 или 5.
Поединците прикажани во овој графикон се истите оние чиишто информации се достапни секаде во вашите веб-страници.
Gnome-important.png
Генерирање страници...

Ако притиснете на копчето Во ред, генерирањето на веб-страниците ќе почне. Затоа, прво проверете ги сите опции во другите јазичиња: Генерирање страница, Личности Напредно.

Генерирање страници

Раскажаниот веб-извештај може да се постави да генерира три дополнителни страници: Почетна, Вовед и Контакт на издавачот. Од ова јазиче можете да ги активирате страниците и да им доделите медиумски ставки и ставки со забелешки на секоја страница. Почетно нема содржини (медиуми или забелешки) доделени на овие страници. Содржините на овие страници мораа да потекнуваат од ставки со медиуми и забелешки. Ако посакуваните ставки се веќе додадени во вашата база, ќе можете да изберете од списокот со Забелешки и Медиумски објекти.

Почетна страница, вовед и Контакт на издавачот
Овие страници ќе прикажат поединечни медиумски објект и/или забелешка по ваш избор. За да оспособите која било од овие страници, изберете медиумски објект и/или забелешка по пат на избирање на копчето десно од соодветната страница.
Ве молиме, внимателно користете го Контактот на издавачот ако ги објавувате вашите веб-страници на сервер со јавен пристап.
HTML корисничко заглавие и HTML корисничко подножје
Овие елементи ќе прикажат поединечна забелешка по ваш избор. Текстот на HTML корисничкото заглавие ќе се појави веднаш под насловот на секоја веб-страница. Текстот на HTML корисничкото подножје ќе се појави во подножјето, над изјавата за авторски права на секоја веб-страница. (Оваа карактеристика во моментов е во брз развој и може да биде предмет на драматични промени во следните изданија на Грампс.)
Вклучи слики и медиумски објекти
Оваа опција одлучува дали да се вклучи/исклучи галерија со медиумски објекти на вашето веб-место.
Вклучи преземена страница
Оваа опција одлучува дали да се вклучи страница насловена како „Преземања“. Оваа страница ќе биде празна и е овозможена во случај ако сакате да понудите преземања на базата, медиумските објекти или упатувања на вашите посетители.
Забрани Грампс ИД
Оваа опција одлучува дали да се вклучи Грампс ИД на објектите во вашиот изнес на веб-страницата.

Личност

Тајноста на личните информации е важна тема. Грампс обезбедува алатки и поставувања што дава можност да управувате со тајноста на вашите податоци.

Вклучи записи означени како лични
Ако вашата намера е да овозможите целосен запис на вашето истражување, означувањето на ова поле ќе ги вклучи сите внесови означени како лични, заедно со остатокот од вашата база на податоци.
Живи лица
Можете да управувате со приказот на чувствителните информации, засновани на тоа дали лицето во моментот е живо или не. Но, бидејќи Грампс е истражувачка алатка, можно е да има поединци со непознат датум на раѓање или умирање во базата на податоци. За да одредите дали некој поединец е можеби сѐ уште жив Грампс воведува алгоритам што споредува датуми на умирање, раѓање, крштевања, датуми на раѓање и умирање на предци. Алгоритамот претпоставува дека некој е можеби сѐ уште жив, освен ако пресметката за поединецот и неговата можност за сѐ уште жив е невозможна.
  • Вклучи – Вклучи ги сите информации за сите поединци, дури ако се можеби сѐ уште живи
  • Исклучи – Исклучи ги сите информации за сите поединци коишто се можеби сѐ уште живи
  • Ограничи – Ограничи ги сите информации за сите поединци коишто се можеби сѐ уште живи, но прикажи ја нивната врска со другите поединци, заменувајќи го нивното прво име со зборот „Жив“
Година на смрт што ќе се смета за живи
Оваа опција не е активна ако опцијата „Живи лица“ е поставена на Вклучи. Некои земји имаат закон што одредува дозвола за објавување информации по одреден број години по смртта на тоа лице. Овде можете да го одредите бројот на години по смртта на лицето за замење предвид. Зададената вредност е 30 години.
Забележете дека согласноста со законите за тајност и тајноста на поединецот се однесува на одговорноста на истражувачот. Грампс не може да биде одговорен за согласноста со законите за тајност или други такви закони.

Напредно

fig. c.4 Почетниот изглед на страниците отпечатени од Веб-страницата на Раскажаното Веб-место

Тековните напредни поставувања примарно се обраќаат на количеството на прикажаните информации на веб-страниците на подробностите на Презиме и Поединечниот индекс. Тие се едноставно вклучи-или-исклучи опции, што можат да се разберат со мало објаснување.

  • вклучи линк кон почетното лице на секоја страница
  • вклучи колона за датуми на раѓање на страницата со индекс
  • вклучи колона за датуми на умирање на страницата со индекс
  • вклучи колона за партнери на страницата со индекс
  • вклучи колона за родители на страницата со индекс
  • вклучи колона за полубраќа/полусестри на страницата со индекс

Веб-календар

Претходно Индекс Следно