Mk:Грампс 3.0 Вики Прирачник - Предговор

From Gramps
Jump to: navigation, search

Грампс е софтвер конструиран за генеалошко истражување. Иако сличен на други генеалошки програми, Грампс нуди некои единствени и моќни содржини, за што ќе дискутираме подолу.

Грампс е софтверски пакет со отворен код, што значи дека можете да правите копии и да ги дистрибуирате до кого сакате. Проектот е развиен и одржуван од широкораспространет тим на волонтери чијашто цел е да го направат Грампс моќен, а сепак лесен за користење.

Gnome-important.png Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:

These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [http://www.gramps-project.org/...]), not via internal links.<br\> Also, only use the known conventions

Претходно Индекс Следно




Зошто да се користи Грампс?

Најголемиот дел генеалошки програми допуштаат да внесувате информации за вашите предци и потомци. Вообичаено, тие можат да ги прикажат семејните врски преку табели, графикони или извештаи. Некои допуштаат вклучување слики или други медиуми. Повеќето од нив допуштаат да вклучите информации за лица што не се роднински поврзани со првобитното семејство што го истражувате. Исто така, можат да имаат вклучено содржини што допуштаат да разменувате податоци со други програми и да печатите различни видови извештаи.

Грампс ги има сите овие можности и повеќе. Особено допушта да вклучите парчиња и делови на податоци како што се појавуваат во вашето истражување и да ги сместите на едно место -- вашиот сметач. Тогаш можете да го користите сметачот за ракување, поврзување и расчленување на вашите податоци, подобро отколку да се плеткате во тони испишана хартија.

Типографска практика

Во оваа книга, некои зборови се означени со посебна типографија:

  • Апликации
  • <br\>

Наредбите што ги притискате на наредбената линија

  • Имиња на датотеки
  • Заменлив текст
  • Ознаки за копчиња и други делови од графичкиот интерфејс
  • Опциите на менито изгледаат вака: Мени -> Подмени -> Мени ставка
  • Копчиња на коишто можете да кликнете
  • Сѐ што притискате

Прирачникот, исто така, овозможува избрани делови на дополнителни информации во совети и забелешки, како што следи.


Gnome-important.png
Пример за совет

Совети и делови од дополнителни информации ќе изгледаат вака.


Gramps-notes.png
Пример за забелешка

Забелешките ќе изгледаат вака.


На крајот, има предупредувања, известувајќи ве дека треба да бидете внимателни:

Gnome-important.png
Пример за предупредување

Вака изгледа едно предупредување. Ако има изгледи да западнете во некоја неволја, за тоа ќе бидете претходно предупредени.

Претходно Индекс Следно