Mk:Грампс 3.0 Вики Прирачник - Почнување
Во ова поглавје ќе почнеме со основното. Ќе ви покажеме како да почнете со Грампс и како да побарате помош кога ќе ви затреба.
Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:
These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [https://www.gramps-project.org/...]), not via internal links. |
Претходно | Индекс | Следно |
Languages: |
English • Deutsch • español • français • italiano • македонски • norsk bokmål • Nederlands • polski • русский • shqip • slovenčina |
Почнување Грампс
Можете да почнете со Грампс на следниве начини:
- Од менито Апликации
Изберете GRAMPS од списокот со програми прикажани на менито Апликации од вашиот сметач. (Локацијата и изгледот на ова мени може да се разликува малку од една дистрибуција на Linux до друга). На почетната GNOME заднина, ќе го пронајдете Грампс во Апликации -> Друго мени.
- Од наредбената линија
Ако сте упатени во Linux и сакате да работите со наредбената линија, ќе го почнете Грампс со повикување на терминалот со впишување:
gramps
и потоа притискате Внеси.
Ако сакате Грампс да отвори одредена база на податоци или да внесе посебна датотека на почетокот, можете да го додатете името на датотеката на наредбената линија како аргумент:
gramps filename.grdb
каде што filename.grdb е името на датотеката што сакате да ја отворите. Наредбената линија овозможува многу повеќе начини за почнување Грампс и изведување на различни задачи.
Одбирање база на податоци
Ако Грампс е почната без претходно избрана база, почетниот екран ќе има мала функционалност. Поголемиот број од операциите нема да бидат достапни. За да вчитате база на податоци, или изберете Нова за да создадете нова база на податоци, или Отвори за да отворете постоечка база. Грампс е во тек со вашите неодамна отворени бази
и тие можете да ги изберете со кликнување на стрелката до копчето Отвории одбирање од паѓачкото мени.
Добивање помош
Грампс има мени за Помош што можете да го консултирате во секое време. Тука се вклучени следниве ставки:
- Кориснички прирачник: Електронска верзија на прирачникот до којшто можете да пристапите додека работите во Грампс.
- ЧПП: Список на често поставувани прашања за Грампс.
- Совет на денот: Прикажува дијалог со „Совет на денот“.
- Состојба на приклучок: Употребете ја оваа ставка за прикажување на состојбата на приклучоците што ги имате додадено.
- Грампс почетна страница: Оваа ставка го отвора вашиот веб-пребарувач и ве поврзува со веб-местото на проектот „GRAMPS“.
- Грампс дописна листа: Оваа ставка го отвора вашиот веб-пребарувач и ве поврзува со страницата на Грампс дописната листа. На оваа страница, можете да ја пребарате архивата на дописната листа или да се приклучите на неа.
- Извештај за бубачка: Одберете ја оваа ставка за да пополните извештај за бубачка во нашиот систем за следење бубачки. (Запомнете, Грампс е жив проект. Сакаме да знаеме за сите проблеми на коишто ќе наидете, така што ние ќе можеме да работиме на нивно решавање за доброто на сите.)
- За: Оваа ставка прикажува дијалог со општи информации за верзијата на Грампс што ја извршувате.
Претходно | Индекс | Следно |