Mk:Грампс 3.1 Вики Прирачник - Алатки

From Gramps
Jump to: navigation, search

Ова поглавје ги опишува разновидните алатки достапни во Грампс.

Грампс алатките дозволуваат да ги изведете различните видови анализа на вашите генеалошки податоци. Вообичаено, алатките не изработуваат изнес во вид на отпечатоци и датотеки. Наместо тоа, изработуваат приказ на екран достапно веднаш за истражувачот. Меѓутоа, кога треба, можете да ги зачувате резултатите од извршувањето на алатката во датотека. Алатките претставуваат една од најголемите сили на Грампс споредено со другите генеалошки софтвери.

До алатките можете да се пристапи преку менито, со избирање Алатки -> оддел: Алатки -> Конкретна алатка . Дополнително, можете да го пребарате целиот избор на достапни алатки заедно со нивниот кус опис во дијалогот Избор на алатки повикан со кликнување на иконата Алатки од алатникот.

Gnome-important.png Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:

These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [http://www.gramps-project.org/...]), not via internal links.<br\> Also, only use the known conventions

Претходно Индекс Следно



Contents

Расчленување и испитување

Овој оддел содржи алатки што ја расчленуваат и истражуваат базата на податоци, но не ја променува. Во моментот, следните алатки за расчленување и истражување се достапни во Грампс:

Спореди поединечни настани

Оваа алатка споредува настани на избрана група на лица. Лицата за оваа споредба се избираат со употреба на сопствени филтри. Сопствените филтри можат да бидат направени во Уредувачот на сопствениот филтер (видете tools-util-cfe), што може да се повика со кликнување на копчето Уредувач на сопствен филтер. Резултатот од табелата изработена од оваа алатка може да биде зачувана како табличен документ.

Интерактивен пребарувач на потомци

Fig. z.z Пребарувач на потомци


Прво треба да изберете лице или да почнете со тековното Активно лице.

Кликнете на менито Алатки --> Расчленување и истражување --> Интерактивен пребарувач на потиомци.

Оваа алатка гради стебло со Активното лице како корен на тоа стебло. Гранки со деца од нивните родители на вообичаениот начин.

Мочете да кликнете на копчињата долу или > за да ги проширите или соберете јазлите.

Користете ја оваа алатка за брз преглед на потомците на лицето.


Gnome-important.png
Совет

Со двојно кликнување на јазол од дрвото ќе се подигне дијалогот Уреди лице , каде што ќе можете ги гледате или менувате личните податоци.


Копчето Помош ќе донесе до оваа страница и со Затвори го затворате прозорецот со Пребарувач на потомци.

Обработка на базата на податоци

Овој оддел содржи алатки што можат да ја променат вашата база. Алатките од овој оддел се користат, најмногу, за пронаоѓање и поправање грешки во базата на податоци. Во моментот, следните алатки за обработување на базата се достапни во Грампс:

Gramps-notes.png
Забелешка

Промените ќе бидат изведени само по вашето јасно одобрување, освен за автоматските утврдувања изведени од алатката Провери и поправи база на податоци.

Пресметка на проценети датуми

Fig. z.z Пресметка на проценети датуми

Кликнување на Алатки --> Обработување на базата на податоци --> Пресметка на проценети датуми... ќе го повика прозорецот Предупредување за поништување на историјата:







Gnome-important.png
Поништи историја

Ако продолжите со оваа алатка ќе се избрише историјата за врати за оваа сесија. Поточно, нема да можете да ги повратите промените направени од оваа алатка или кои било промени направени пред неа. Ако сметате дека ќе треба да го вратите извршувањето на оваа алатка, ве молиме запрете овде и направете резерва на вашата база на податоци.

Потоа, изберете Прекини или Продолжи.

Ќе го добиете прозорецот Пресметај проценети датуми. Овој прозорец има три јазичиња.

  • Избор:
    • Филтер: од паѓачкото мени можете да одберете кој дел од базата ќе биде обработен: можете, исто така, да одберете Цела база на податоци, Потомци на Активното лице, Семејства од потомци на Активното лице, Предци на Активното лице, Лица со заеднички предок со Активното лице или кој било Сопствен филтер (видете филтри направени по сопствена желба).
    • Филтер за лица: во списокот на ова поле се наоѓа Активното лице, но кликнување на Избери друго лице ќе го подигне прозорецот Изберете лице за извештајот. Во овој прозорец се наоѓа список на лица од коишто можете да одберете. Користете ја стрелката долу или > за да ги проширите и соберете јазлите. Во табелата ќе видите за кои лица нема датуми за раѓање и умирање.

Во подолниот агол од левата страна има поле за означување Прикажи ги сите. Со кликнување на ова копче ќе се прикажат сите лица во базата на податоци.

    • Текст за извор: во ова поле за текст можете да го пополните текстот што ќе се користи во упатувањето на изворот. Почетната вредност е Пресметани проценки на датуми.

Достапни се четири полиња за означување:

    • Отстрани претходно додадени датуми
    • Додади проценети датуми на раѓање
    • Додади проценети датуми на умирање
    • Прикажи подробни резултати: ќе ги прикаже подробностите на секој внесен датум.


  • Конфиг:
    • Максимална возраст:
    • Максимална разлика помеѓу возраста на браќата/сестрите:
    • Минимален број на години помеѓу генерациите:
    • Просечно години помеѓу генерациите:

Уреди информација на сопственикот на базата на податоци

Fig. z.z Информација на сопственикот

Кликнете на Алатки --> Обработка на базата на податоци --> Уреди информација на сопственикот на базата на податоци. Ова го подигнува прозорецот Уредувач на сопстевникот на базата на податоци, каде што можете да ги пополните потребните информации.

  • Име:
  • Адреса:
  • Град:
  • Држава/Покраина:
  • Земја:
  • ZIP/Поштенски код:
  • Телефон:
  • Е-пошта:

Извлечи информација од имиња

Оваа алатка ја истражува целата база со податоци и се обидува да извлече наслови и прекари коишто можат да бидат вградени во полето на лицето Дадено име. Ако може да се извлече каква било информација, кандидатите за средување ќе бидат посочени во табелата. Тогаш можете да одлучите кој да го поправите како што е предложено или да не го поправите.

Извлечи податоци за место од Насловот на место

Оваа алатка се обидува да го извлече градот и државата/покраината од насловот на местото.

Пронајди можни удвоени лица...

Fig. z.z Удвоени лица

Оваа алатка ја пребарува целата база на податоци, барајќи ги внесовите што можеби го претставуваат истото лице.

Можете да дојдете до оваа алатка преку Алатки -> Обработка на базата на податоци... -> Пронајди можни удвоени лица...

Два избори се можни:

  • Совпадни праг: изберете помеѓу Високо, Средно и Ниско од паѓачкото мени.
  • Избор: поле за вклучување и исклучување на употребата на кодот soundex.

Претставени се само три копчиња: копчето Помош носи на оваа страница, Откажи за да го запрете обработувањето и Во ред за да почне обработувањето на податоците.

Ако притиснете на копчето Во ред, податоците ќе се обработат во два премина.

Премин 1: градење на воведен список. Премин 2: пресметување на можни совпаѓања. Ќе се прикаже линија на развој и во зависност од брзината на cpu процесорот и бројот на лицата во базата, ова може малку подолго да потрае.

На крајот се појавува прозорецот Можни соединувања. Овој прозорец прикажува список со три колони:

  • Проценување: ова дава идеја за сличноста помеѓу две лица. Колку поголемо ниво, толку поголема можност за постоење на удвоени лица.
  • Прво лице
  • Второ лице

Ако изберете ред, можете да ги проверите подробностите со копчето Спореди или со двоен клик на избраниот ред.

Прикажани се три копчиња: копчето Помош носи на оваа страница, копчето Затвори за да го затворите прозорецот и копчето Спореди што го повикува прозорецот Спореди лица, што е подробно објаснето во Merge People Dialog. Овде можете со радиокопчињата да изберете едно од лицата и на крајот да го употребите копчето Спој и затвори за да ги споите податоците ако сте пронашле две исти лица.

Притискање на копчето Откажи носи назад до списокот.

Одредување големи букви на семејни имиња...

Fig. z.z Одредување големи букви

Оваа алатка ја пребарува целата база на податоци и се обидува да ги одреди големите букви на семејните имиња. Целта е да се добие утврдена употреба на големи букви: голема прва буква и мали букви за остатокот од семеното име. Ако се откриени отстапувања од ова правило, кандидатите за поправање ќе бидат прикажани во табелата. Тука можете да предложите кое име ќе се поправи, а кое не.

Можете да ја употребите оваа алатка преку Алатки --> Обработка на базата на податоци --> Одредување големи букви на семејни имиња...






Gnome-important.png
Поништи историја

Ако продолжите со оваа алатка ќе се избрише историјата за врати за оваа сесија. Поточно, нема да можете да ги повратите промените направени од оваа алатка или кои било промени направени пред неа. Ако сметате дека ќе треба да го вратите извршувањето на оваа алатка, ве молиме запрете овде и направете резерва на вашата база на податоци.



Можете да изберете Прекини или Продолжи со алатката.

Ако имало промени во Одредувањето на големи букви, ќе се прикаже прозорецот Промена на големи букви. Во прозорецот има список на семејните имиња што Грампс може да ги промени во точни букви. Во списокот ќе видите три колони: поле за означување Избери, Првобитно име и Промени на големи букви.

Изберете ги имињата што сакате да ги промените, потоа протиснете на копчето Прифати промени и затвори. Или, пак, употребете го копчето Откажи за да ги откажете промените.

Преименувај видови на настани

Fig. z.z Провери вид

Оваа алатка дозволува сите настани со одредено име да ги преименувате со ново.








Gnome-important.png
Поништи историја

Ако продолжите со оваа алатка ќе се избрише историјата за врати за оваа сесија. Поточно, нема да можете да ги повратите промените направени од оваа алатка или кои било промени направени пред неа. Ако сметате дека ќе треба да го вратите извршувањето на оваа алатка, ве молиме запрете овде и направете резерва на вашата база на податоци.

Прикажан е прозорецот Промени видови на настан. Оваа алатка ќе ги преименува сите настани од еден вид во друг.

  • Првобитен вид на настан: пополнете го полето за текст или употребете го паѓачкото мени и изберете го првобитниот вид на настан.
  • Нов вид на настан: пополнете го полето за текст (можете да создадете целосно нов вид овде) или употребете го паѓачкото мени и изберете нов вид.

Примерите покажуваат преименување на настан на Раѓање во настан на Крштевка.


На крајот, употребете ги копчињата Откажи или Во ред.

Gnome-important.png
Преименување настани

Еднаш направени, нема да можете да ги повратите со вообичаената постапка Врати.

Пререди Грампс ИД

Оваа алатка ќе ги пререди сите елементи во базата за да ја потврди шемата одредена со прставката ид во базата.

Можете да ги промените овие поставувања во менито Уреди --> Параметри... --> ИД формати.

Можете да ја употребите алатката преку Алатки --> Обработка на база на податоци --> Пререди Грампс ИД.

Gnome-important.png
Поништи историја

Ако продолжите со оваа алатка ќе се избрише историјата за врати за оваа сесија. Поточно, нема да можете да ги повратите промените направени од оваа алатка или кои било промени направени пред неа. Ако сметате дека ќе треба да го вратите извршувањето на оваа алатка, ве молиме запрете овде и направете резерва на вашата база на податоци.

Овој прозорец ќе ја прикаже линијата со напредок.

Во различни чекори следниве ИД се прередени: Прередување ИД на лица, Прередување ИД на семејства, Прередување ИД на настани, Прередување ИД на медиумски објекти, Прередување на ИД на извори, Прередување ИД на места, Прередување ИД на репозиториуми и на крајот, Прередување ИД на забелешки.

Во чекорот што следи, неупотребените ИД се пребаруваат и означуваат.

Gnome-important.png
Сопствен ИД

Ако ги приспособувате ИД по ваша желба, сите тие поставувања се заменети со основните поставувања. Затоа, внимавајте пред да ја употребите оваа алатка!

Поправка на базата на податоци

Провери и поправи база на податоци

Оваа алатка ја проверува базата за проблеми со потполноста, поправајќи ги оние проблеми што може. Поточно оваа алатка проверува:

  • Прекинати семејни врски. Ова е случај кога записот на едно лице упатува на едно семејство, додека записот на семејството не упатува на тоа лице и обратно.
  • Медиумски објекти што недостасуваат. Медиумскиот објект што недостасува е објектот на чијашто датотека е упатено во базата, но таа не постои. Ова може да се случи кога датотеката е случајно избришана, преименувана или преместена на друго место.
  • Празни семејства. Ова се внесови за семејства што не упатуваат на ниедно лице како нивен член.
  • Родителска врска. Ова ги проверува сите семејства за да се обезбеди дека таткото и мајката не се помешани. Проверката е направена на тој начин родителите да имаат различен пол. Ако имаат ист пол, тогаш врската е преименувана во „Партнери“.

Обнови упатувања на мапи

Обнови секундарни индекси

Отстрани неупотребени објекти...

Оваа алатка ќе ја пребара вашата база на податоци за делови на информации коишто не се поврзани со ништо друго, а потоа ги отстранува.

Отстранување бубачка

Python прозорец за проценка...

Превчитај додатоци

Како што името наметнува ова ги вчитува и отчитува сите додатоци. Во Грампс системот сите извештаи и алатки се додатоци, така што ова може да ви помогне да ги отстраните сите непосакувани поставувања и да вчитате нови додатоци, што сте ги додале откако сте почнале со Грампс.

Покажи несоберени објекти

Услуги

Овој оддел содржи алатки што ви дозволуваат да изведувате една операција на поголем дел со податоци. Резултатите можете да ги зачувате во вашата база, но нема да ги променат вашите постоечки податоци. Во моментот, следните услуги се достапни во Грампс:

Генерирај SoundEx кодови

SoundEx - што е ова?

Оваа услуга генерира SoundEx кодови за имињата на лицата во базата на податоци. Ве молиме, посетете ја индексната страница на NARA Soundex (NARA Soundex Indexing page) за да дознаете повеќе за Индексниот систем на Soundex.

Soundex е индекс на кодирано презиме (последно име) заснован на начинот на кој тоа презиме се изговара, а не начинот на кој е напишано тоа презиме. Презимињата што се изговараат исто, но се пишуваат различно (на пример, во англискиот јазик презимињата SMITH и SMYTH), имаат ист код и се внесени заедно. Овој кодирачки систем е развиен за да помогне да најдете презиме, иако тоа е можеби различно напишано и така зачувано.

За првпат применет на пописот 1880 година, Soundex е фонетски индекс, не е стриктно азбучен. Главната карактеристика е кодирањето на презимиња засновано на начинот на кој што се изговараат, а не како се пишуваат. Наменето е да им помогне на истражувачите да го пронајдат презимето брзо, иако можеби може да се пишува на повеќе начини.


Оние што прават пописни пребарувања мораат да го користат истиот метод за да енкодираат презимиња, како и оние кога ја генерирале базата на податоци.

За да побарате одредено презиме, морате прво да го изработите неговиот код.

  • Основно Soundex кодирачко правило:

Секој soundex код се состои од буква и три бројки, како на пример W-252. Буквата е секогаш првата буква на презимето. Бројките се доделени на останатите букви од презимето според табелата прикажана подолу. Нули се додадени на крајот, ако треба да се изработи код со четири знаци. Дополнителните букви се испуштаат. Примери: Washington е кодиран W-252 (W, 2 заe S, 5 за N, 2 за G, останатите букви се испуштени). Lee е кодиран L-000 (L, 000 е додадено).

Број Ги претставува буквите

  1 	B, F, P, V
  2 	C, G, J, K, Q, S, X, Z
  3 	D, T
  4 	L
  5 	M, N
  6 	R

Ги испушта буквите A, E, I, O, U, H, W и Y.

  • Дополнително Soundex кодирачко правило:
    • Имиња со двојни букви: Ако презимето има двојни букви, тие треба да се земат како една. На пример:

Gutierrez е кодиран G-362 (G, 3 за T, 6 за првото R, второт R е игнорирано, 2 за Z).

    • Имиња со букви една-до-друга што имаат ист број на код: Ако презимето има различни букви една до друга со ист број на код, тие треба да се земат како една. На пример:
      • Pfister е кодирано како P-236 (P, F игнорирана, 2 за S, 3 за T, 6 за R).
      • Jackson е кодирано како J-250 (J, 2 за C, K игнорирана, S игнорирана, 5 за N, 0 додадена).
      • Tymczak е кодирано како T-522 (T, 5 за M, 2 за C, Z игнорирана, 2 за K). Бидејќи самогласката „A“ ги одделува Z и K, K е кодирана.
    • Презимиња со претставки: Ако презимето има претставка, како Ван, Кон, Де, Ди, Ла или Ле, се кодира со и без претставката, затоа што презимето може да биде наведено под кој било код. Забележете дека Мек не се смета за префикс. На пример, VanDeusen може да се кодира на два начина:V-532 (V, 5 за N, 3 за D, 2 за S) или D-250 (D, 2 за S, 5 за N, 0 додадена).
    • Одделувачи на согласки: Ако самогласка (A, E, I, O, U) одделува две согласки што имаат ист soundex код, согласката десно од самогласката е кодирана. На пример: Tymczak е кодирано како T-522 (T, 5 за M, 2 за C, Z е игнорирана [видете во правилото „Една-до-друга“ погоре], 2 за K). Бидејќи самогласката „A“ ги одделува Z и K, K е кодирана. Ако „H“ или „W“ одделуваат две согласки што имаат ист soundex код, согласката од десно е кодирана. На пример: Ashcraft е кодирано како A-261 (A, 2 за S, C игнорирана, 6 за R, 1 за F). Не е кодирано како A-226.

Користење на SoundEx модулот во Грампс

Fig. x.y Генератор на SoundEx код

Со кликнување на Алатки --> Услуги --> Soundex генератор... преку алатникот, го добивате прозорецот Генератор на SoundEx код. Во полето за текст Име можете да име или можете да ја користите стрелката надолу од каде што можете да изберете од паѓачкото мени.

Името што ќе го внесете може да биде кое било име, дури и име што не е присутно во вашето Семејно стебло.



Резултатот автоматски се прикажува: R236.


Копчето Помош е достапно, што доведува до оваа страница. Со копчето Затвори (или со притискање <alt + c>) можете да го затворите прозорецот на генераторот.

Управувач на медиуми...

Fig. z.z Прозорец за конечна потврда

Оваа алатка дозволува серија на операции на медиумските објекти зачувани во Грампс. Мора да се направи јасна разлика помеѓу Грампс медиумскиот објект и неговата датотека.

Грампс медиумскиот објект е збирка на податоци за датотеката на медиумскиот објект: нејзиното име и/или патека, опис, ИД, забелешки, упатувања на извори итн. Овие податоци не ја вклучуваат датотеката.

Датотеките што содржат слика, звук, видео итн. постојат посебно на вашиот хард драјв. Овие датотеки не се управувани од Грампс и не се вклучени во Грампс базата на податоци. Грампс базата ги зачувува само патеките и имињата на датотеките.

Оваа алатка ви овозможува само да ги променувате записите во вашата Грампс база. Ако сакате да ги преместите или преименувате датотеките, морате тоа да го сторите сами, надвор од Грампс. Тогаш можете да ги приспособите патеките со користење на оваа алатка, така што медиумските објекти ги зачувуваат точните локации на датотеките.

Ако кликнете на копчето Напред (или притиснете <Alt + F>) ќе добиете прозорец со три радиокопчиња:

  • Замени поднизи во патеката: Одбирањето на ова копче ќе го повика прозорецот Замени поднизи во патеката каде што ќе можете да ја впишете која било низа во полето за текст Замени и полето со текст Со. Во кое било време можете да кликнете на копчето Откажи или Назад. Со кликнување на копчето Напред ќе се подигне прозорецот Конечна потврда.
  • Преобразува патеки од релативни во апсолутни.
  • Преобразува патеки од апсолутни во релативни.

Пресметувач на врски

Оваа услуга ја пресметува и прикажува врската на секое лице на Активното лице.

Завери податоци...

Fig. z.z Завери податоци...

Оваа услуга дозволува да ја заверите базата на податоци засновани на група со критериуми одредени од вас.

На пример, можеби ќе посакате да се осигурате дека никој во вашата база на податоци нема деца на возраст од 98 години. Засновано на здрав разум, таков запис ќе наведе на грешка. Но, тоа не е доследна грешка во базата. Освен тоа, некој можеби има дете на возраст од 98 години (иако тоа ретко се случува). Оваа алатка за заверување ќе прикаже сѐ што ги прекршува вашите критериуми, така што ќе можете да проверите дали записот е погрешен или не. Конечната одлука е ваша.

Со кликнување на Алатки --> Услуги --> Завери податоци... ќе го добиете прозорецот Алатка за заверување на базата. Прозорецот има четири јазичиња. Овие јазичиња прикажуваат список со критериуми и поле за внес, каде што можете да ги менувате вредностите на критериумите. Во списокот подолу има употребливи вредности.

  • Општо General:
    • максимална возраст: 95
    • минимална возраст за брак 16
    • максимална возраст за брак 60
    • максимален број на сопружници 4
    • Максимален број на непрекинати години на вдовство пред следниот брак 30
    • максимална возраст за невенчано лице 99

Тука има поле за означување: процени ги датумите што недостауваат.

  • Жени:
    • минимална возраст за носење дете 16
    • максимална возраст за носење дете 51
    • максимален број на деца 15
  • Мажи
    • минимална возраст за татко на дете 18
    • максимална возраст за татко на дете 65
    • максимален број на деца 15
  • Семејства
    • максимална разлика во години помеѓу сопруг-сопруга 41
    • максимален број на години помеѓу деца 11
    • максимална разлика на години за сите деца 32


Ако се сложувате со овие критериуми, кликнете на копчето Изврши (или притиснете <Alt + R>) и ќе го добиете прозорецот Резултати на Заверување на база на податоци.

Во зависност од вашите критериуми и од вашата база на податоци ќе биде покажан список. Некои можности за пронаоѓања се поместени подолу. Но, има и други.

  • Лица со прекинати врски: НАПРАВИ понатаму објаснува што и како
  • стар/умрен татко
  • брак по смрт/пред раѓање
  • голема возрасна разлика за сите деца
  • ран/доцен брак
  • млада/неродена мајка
  • сопруг и сопруга со исто презиме
  • брак со ист пол/женски сопруг
  • ...

За да покажаме колу е корисна оваа Услуга, еве два живи примери од реални податоци:

Предупредувањето прикажало „женски сопруг“: со проверка на податоците, пронајдов семејство со татко: Ана Ролантс. За среќа, во Описот прочитав: Бракот помеѓу Адам Ролантс и Корнелија Краб. Јасно беше дека се работи за грешка во пишување. Без оваа Tool ќе беше многу тешко да се пронајде ваквата грешка.

Предупредувањето прикажало „доцен брак“: проверување на податоците: машко лице °1738 женско лице °1756 : брак X 1804 година [French Republican Calender]: Сè се чинеше дека е во ред: така што тие повторно се венчале на возраст од 66 и 48 години! Предупредувањето се прикажало бидејќи Општиот критериум бил поставен на 60.

Во долниот дел од прозорецот достапни се четири полиња за означување за да се направи изборот полесен. Тоа се Означи сè, Одозначи сè, Премести ознаки и Скриј означени.

Двојно кликнување на ред дава можност да ги прегледате и/или уредувате податоците.

Со копчето Затвори (или со притискање <Alt + C>) го одбирате прозорeцот Резултати. Со копчето Помош (или со притискање <Alt + H>) ќе дојдете до оваа странница.




Gnome-important.png
Разлика помеѓу алатката за заверување и претходно опишаната алатка за означување

Алатка за означување пронаоѓа недоследности во структурата на базата на податоци. Алатката за заверување, пак, ги пронаоѓа записите што не задоволуваат некој ваш одреден критериум.


На пример, сакате да се осигурате дека никој во вашата база нема деца на возраст од 98 години. По правило, ваков запис ќе означува грешка. Но, тоа не е доследна грешка во базата. Сепак, некој можеби има дете на таа возраст (иако тоа ретко се случува). Алатката за заверување ќе прикаже сето она што го прекршува вашиот критериум, така што ќе можете да проверите дали записот е погрешен или не. Конечната одлука е ваша.

Уредувач на сопствен филтер

Fig.3.x Дефинирај филтер

Уредувачот на сопствен филтер гради сопствени филтри што можат да избираат лица вклучени во извештаи, изнесни податоци и други алатки и услуги. Всушност, ова е многу моќна алатка во генеалошкото расчленување.

Кога ќе ја почнете, се појавува дијалогот Кориснички дефинирани филтри со список на сите филтри (ако има) претходно дефинирани од вас. Кликнете на копчето Додади... за да дефинирате нов филтер. Кога еднаш ќе ги направите вашите филтри, можете да ги уредувате, испробувате и бришете избраните филтри преку копчињата Уреди... , Тестирај... и Избриши , соодветно. Сите прикажани филтри во списокот ќе бидат автоматски зачувани заедно со вашата база и ќе бидат достапни во следнате сесии на Грампс.

Gramps-notes.png
Промени на филтрите

Промените направени на филтрите ќе се применат само откако ќе кликнете на копчето Примени и затвори.

Бележна подлога

Оваа алатка овозможува привремен бележник за зачувување записи на базата на податоци за лесно повторно користење. На кратко, ова е еден вид на функционалноста копирај-и-вметни проширена од текстуални објекти на други видови записи користени во Грампс.

Gnome-important.png
Совет

Бележната подлога во голем дел ја употребува техниката повлечи-и-спушти.


За да ја повикате Бележната подлога, или изберете Алатки -> Услуги -> Бележна подлога или кликнете на копчето Бележна подлога на алатникот. Ќе се појави следниот прозорец:

Fig.3.xx Бележна подлога

Бележната подлога поддржува адреси, особини (и лични и семејни), настани (и лични и семејни), имиња, упатувања на медиумски објекти, упатувања на извори, URL и секако, текстуални информации за забелешки и коментари. За да го зачувате кој било вид од овие записи, едноставно само повлечете го постоечкиот запис на Бележната подлога од соодветниот дијалог за уредување. За повторно да го користите записот, повлечете го од Бележната подлога во соодветното место во уредувачот, на пример, во јазичето Адреси, јазичето Особини итн.

Gnome-important.png
Совет

Некои објекти го прикажуваат линкот со икона од лево. Ова значи дека неговото повлекување ќе создаде упатување на веќе постоечки објект, а не копија на објектот.


На пример, датотеката на медиумскиот објект нема да биде удвоен. Наместо тоа, упатувањето ќе биде направено на веќе постоечки медиумски објект, што ќе произлезе во локалниот внес на галерија.

Gnome-important.png
Совет

Зачувувањето во Бележната подлога е доследно само во една Грампс сесија. Затворањето на прозорецот нема да ги изгуби зачуваните записи. Но, затворањето на Грампс ќе го предизвика тоа.

Претходно Индекс Следно