Mk:Грампс 3.1 Вики Прирачник - Грамплети

From Gramps
Jump to: navigation, search
Gnome-important.png Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:

These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [http://www.gramps-project.org/...]), not via internal links.<br\> Also, only use the known conventions

Претходно Индекс Следно



Грамплети

Fig. 4.1 Поглед Граплети

Грампс Грамплет е поглед на податоци што се менуваат динамично во текот на извршувањето на Грампс или обезбедува интерактивност со вашите генеалошки податоци. Што е разликата меѓу грамплети, извештаи, брзи погледи и алатки?

  • Извештаите обезбедуваат статичен формат на изнес на вашите податоци, карактеристичен за печатење
  • Брз поглед обезбедува вообичаено краток, интерактивен список, изведен од вашите податоци
  • Алатките обезбедуваат метод на обработка на вашите податоци
  • Грамплетите обезбедуваат динамичен преглед и интерфејс на вашите податоци

Грамплетите се тракатанци што се дел од Грампс и можете да ги видите во Поглед Грамплети. Тракатанците ги обезбедуваат сите видови практичности што можат да бидат корисни за истражувачот.

Кога првпат почнувате со погледот, ќе ги видите Грамплетот за добредојде и Грамплетот на најчесто користени презимиња.

Fig. 4.2 Одвоен поглед на грамплет

Можете да го влечете копчето Својства (најгоре лево) од секој грамплет за да го движите низ екранот. Со кликнување на Својства ќе се одвои грамплетот од погледот Грамплети и ќе се смести во свој сопствен прозорец. Прозорецот ќе остане отворен без разлика на страницата (врска, потекло итн.). Затворањето на одвоениот грамплет ќе го врати назад на погледот Грамплети. Ако го затворите Грампс со отворен грамплет, при негово повторно отворање, грамплетот ќе се отвори автоматски.

Кога еден или повеќе грамплети се одвоени од погледот Грамплети, можете да го промените погледот (на пример, погледот Врски или Лица). На овој начин, можете да ги користите овие грамплети за да надополните одреден поглед со дополнителни подробности и функционалности овозможени од грамплетот.


Можете да додадете нови грамплети со десен клик на празен простор во Грамплети. Исто така, можете да го смените бројот на колони со десен клик на отворена област на страницата на Грамплети.

Во моментов, достапни се овие грамплети:

  • Грамплет за добредојде
  • Грамплет на најчесто користени презимиња
  • Грамплет на мноштво презимиња
  • Грамплет НАПРАВИ
  • Грамплет на статистика
  • Грамплет на потекло
  • Python грамплет
  • Грамплет на новости
  • Грамплет на записник на сесија
  • Грамплет на календар
  • Грамплет на роднини
  • Грамплет на години на датум

Ако линкот во Грамплетот се однесува на одредено лице, со кликнување на него, ќе го смени лицето во активно. Двојно кликнување на таков линк, што се однесува на одредена Грампс ставка (како што е лице или семејство), ќе го подигне Уредувачот на таа ставка. За да уредите лице кон кое е пристапено преку линк, без да го менувате активното лице, притиснете си десен клик на линкот. Во зависност од видот на внесот, двојно кликнување на кој било ред во табелата на Брзиот поглед, ќе избере поспецифични податоци (извлекување) или ќе го подигне уредувачот.

Овој оддел ќе го опише секој грамплет и неговите основни функционалности.

Gramps-notes.png
Промена на поставувања

Можете да ги промените поставувањата на грамплетите со уредување на вашата датотека ~/.gramps/gramplets.ini. Но, тоа можете да го направите само кога Грампс не извршува. Само донесете ја датотеката gramplets.ini во уредувачот на текстот и направете ги посакуваните промени. Можете да го промените насловот на грамплетот со промена на името на одделот (во средни загради). Овие опции за промена ќе бидат достапни во погледот Грамплети во следната верзија на Грампс. Ако имате идеја за дополнителни грамплети, информирајте нѐ!

Грамплет за добредојде

Fig. 4.3 Грамплет за добредојде

Грамплетот за добредојде дава воведна порака на новите корисници и некои основни инструкции.








Пораката за добредојде опишува што е Грампс, дека програмата е OSS и како почнувате Семејно стебло.

Оваа информација, исто така, можете да ја најдете на start page of GRAMPS

Грамплет на најчесто користени презимиња

Fig. 4.4 10 Најчести презимиња

Грамплетот на најчесто користени презимиња ги покажува десетте најчесто (по зададено) користени презимиња.

Тие се прикажани вака:

  • Презиме
  • Проценти
  • Застапеност

Овиј список, исто така, дава збир на единствени презимиња, како и вкупниот збир на лица во вашата база на податоци.


Двоен клик на презиме за да извршува Брз поглед на исти презимиња. Ова го отвора прозорецот Брз поглед , што ги дава лицата со презимето на кое двојно кликнавте.

Се изработува табела што ги покажува сите лица чиишто имиња или други имиња се совпаѓаат. Дадено е ѝ името на лицето, датумот на раѓање и видот на името.


Променете го бројот на прикажаните имиња со уредување на овој оддел во ~/.gramps/gramplets.ini


Грамплет на мноштво презимиња

Fig. 4.5 Мноштво презимиња

Грамплетот на мноштво презимиња прикажува сто најчесто (по зададено) користени презимиња. Големината на фонтот на имињата е пропорционално со збирот на лицата што го имаат истото презиме.



Двоен клик на презиме за да извршува Брз поглед на исти презимиња. Ова го отвора прозорецот Брз поглед , каде што можете да ги најдете сите лица чиишто имиња или други имиња се совпаѓаат. Дадено е ѝ името на лицето, датумот на раѓање и видот на името.



Ако ја поставите стрелката на глувчето врз името можете да го видите процентот на застапеност и вкупната пресметка.












Променете го бројот на прикажаните имиња со уредување на овој оддел во ~/.gramps/gramplets.ini

Грамплет НАПРАВИ

Fig. 4.6 Грамплет НАПРАВИ

Грамплетот НАПРАВИ е слободен од областа со текст. Можете да ја искористите оваа област за да ставите секакви забелешки, прибелешки, нешта што треба да ги набавите за да продолжите со вашето истражување. Има и неколку други програми НАПРАВИ (на пример, Tomboy), но овој грамплет е корисен затоа што информациите остануваат во Грампс. Во понатамошните верзии, ќе можете да зачувувате линкови до Грампс ставки (како лица, настани и семејства). Ова ќе овозможи заедно да зачувате група на линкови на коишто работите.

Текстот е доследен меѓу сесии. Податоците се зачувуваат на диск кога ќе излезете од Грампс.

Можете да отворите повеќе НАПРАВИ списоци за да зачувате различни видови теми или за организирање на вашите информации.







Променете го насловот на грамплетот со уредување на името на одделот во

Грамплет на статистика

Fig. 4.7 Грамплет на статистика

Грамплетот на статистика извршува извештаи со статистика. Со двоен клик на фразите ќе ги повикате совпаднатите ставки.

Следниве информации се обезбедени во овој грамплет:

  • Поединци
    • Број на поединци
    • Машки
    • Женски
    • Поединци со непознат пол
    • Поединци со нецелосни имиња
    • Поединци на кои им недостасуваат датуми на раѓање
    • Поединци со прекинати врски
  • Информации за семејства
    • Број на семејства
    • Ретки презимиња
  • Медиумски објекти
    • Поединци со медиумски објекти
    • Вкупен број на упатувања на медиумски објекти
    • Број на ретки медиумски објекти
    • Вкупна големина на медиумски објекти
    • Медиумски објекти што недостасуваат

Исто како и со сите други грамплети, ако кликнете на копчето Алатка од левата страна ќе го одвоите прозорецот, а ако додадете лица во вашето семејно стебло, ќе видите дека збирот на лицата ќе се промени динамично.

Грамплет на потекло

Figure: Грамплет на потекло

Грамплетот на потекло прикажува намален поглед на директните предци на активното лице. Зададено е да оди наназад сто генерации. Можете да кликнете на имињата за да го промените активното лице, а двоен клик (или десен клик) за да го уредувате лицето. Во долниот дел од овој грамплет е прикажан бројот на лица во генерација. Двоен клик на бројот на генерацијата за да ги видите совпаднатите поединци.








Во следната верзија на Грампс по избор, ќе можете да ги видите датумите на раѓање и умирање.

Python грамплет

Fig. 4.8 Python школка

Python грамплетот доведува Python школка за толкување на Python изрази.

Можете да впишувате многу во мал (еден ред) Python израз.

Покрај тоа, средината е дополнета со некои корисни варијабли, вклучувајќи ги self (овој Python грамплет), Датум, uistate и dbstate.

Забележете дека името Датум ќе биде преведено на vашиот јазик, ако преводите се достапни.


Внесот Датум е конструктор на објекти на датуми и може да се искористи за датумска математика. На пример, можете да прашате:

Кој датум беше 56 години пред некој даден датум:

> Датум (2007, 12, 31) - 56
1951-12-31

Колку години имаше некој на трети септември 1955 година, а бил роден на седми јуни 1922 година:

> Датум (1955, 9, 3) - Датум (1922, 5, 7)
(33, 3, 27)

(Околу 33 години, 3 месеци и 27 денови). Кога наполниле 21 година?

> Датум (1922, 5, 7) + 21
1943-05-07

Исто така, можете да додавате години, месеци и денови:

> Датум (1980) + (0, 0, 25)
1980-01-26

Можете да ги користите истите формати што ги користите за внес на податоци:

> Датум ("Јан 15, 1962")
1962-15-01
> Датум ("15 Јан, 1962")
1962-15-01
> Датум ("1962-15-01")
1962-15-01

Има два начина за користење на различните календари:

> Датум ("Јан 15, 1532 (Јулијански)")
1532-15-01 (Јулијански)
> Датум (1671, 12, 31, календар = "јулијански")
1671-12-31

и метод за претворање на еден датум во друг календар, што враќа нов датумски објект:

> Датум (1703, 6, 1) календар ("хебрејски")
5463-10-17 (хебрејски)

Грамплет на новости

Fig. 4.9 Грамплет на новости

Грамплетот на новости ја чита Вики news страницата.

Бидејќи Грамплетот на новости ги добива информациите од Грамс Вики (на http://gramps-project.org), за ова треба да имате интернет-врска за да можете да работите. Ако немате интернет-врска, тогаш Грамплетот на новости нема да покажува никакви новости.








Кога ќе имате интернет врска, Грамплетот на новости ќе ги прикаже најновите вести за Грампс.

Грамплет на записник на сесија

Fig. 4.10 Грамплет на записник на сесија

Грамплетот на записник на сесија ја следи активноста во оваа сесија.

По зададено, го покажува секој внес само по еднаш. Ако смените некоја информација за лице а и лице б двата избора ќе се најдат во списокот на записникот.

Ќе добиете ваков список:

  • Избрано:лице а
  • Избрано:лице б

Кликнете на името за да го смените активното лице. Ова е многу соодветно затоа што ќе можете многу брзо да го смените активното лице од списокот.

Двоен клик на името ја подигнува страницата уреди на тоа лице. Покрај тоа, ако сакате да уредувате лице, а не сакате да го смените активното лице, можете да употребите десен клик на името на лицето.





Сменете го ова однесување со уредување на одделот во ~/.gramps/gramplets.ini.

Грамплет на календар

Fig 4.11 Календар

Грамплетот на календарот прикажува месечен календар со означени тековни настани на активното лице (со задебелени броеви на деновите).

Сегашниот датум е истакнат.

Со копчињата < и > во горниот лев агол (месец), можете да промените во претходниот или следниот месец.

Со копчињата < и > во горниот десен агол (година),можете да промените во претходната или следната година.

Двоен клик на ден за да се извршува Брзиот извештај На овој ден .

Прозорецот ги покажува Настаните на избраниот ден: Настаните на точно овој датум и други настани во овој месец/ден во минатото како и други настани во таа година.

Информациите се прикажани во табела, што прикажува:

  • Датум
  • Вид
  • Место
  • Упатување

Исто така, можете да влечете датум до полето за датум во Возраст на Грамплет на датум за да го внесете тој датум.

Возраст на Грамплет на датум

Овој грамплет овозможува внесување податоци во полето за внесување информации. Ако кликнете на Изврши грамплетот ќе ги пресмета возрастите на сите во вашето Семејно стебло на тој датум. Датумот мора да биде внесен во оној формат што Грампс го прифаќа.






Потоа, можете да ги подредите колоните по возраст и со двоен клик можете да ја прегледате или да ја уредите колоната.

Грамплет на роднини

Fig 4.12 Грамплет на роднини

Овој грамплет ги прикажува сите директни роднини на Активното лице. Неговата намена е помош при навигација, дополнителен начин за движење низ вашата база на податоци. Ако го одвоите грамплетот и го сместите веднаш до ГРАМПС, ќе можете да го употребите за брза промена на содржината на тековниот „поглед Лице“.


Ако работите во погледот потекло, активното лице е она лице што се наоѓа најлево во погледот. Со кликнување на име во грамплетот на роднините, лесно можете да го смените активното лице и целиот поглед во другиот прозорец ќе се ажурира. Бидејќи грамплетот на роднини ги прикажува сите сопружници, деца и родители, ова ви нуди дополнителен начин за навигирање низ вашите податоци.

Имињата во овој грамплет дозволуваат директно да го повикате уредувачот на лица, односно со десен клик на кое било од имињата.

Претходно Индекс Следно