Mk:Грампс 3.1 Вики Прирачник - Внесување и Уредување на податоци: Накратко

From Gramps
Jump to: navigation, search

Овој оддел е направен за да ви го даде основното знаење потребно за да почнете со сместување на вашите генеалошки информации во Грампс. Ќе ви објасни како да внесувате лица во базата на податоци и како да ги одредите нивните семејни врски. (Подробно објаснување ќе следи во следното поглавје: Mk:Грампс 3.1 Вики Прирачник - Внесување и Уредување на податоци: Подробно.)


Gnome-important.png Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:

These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [http://www.gramps-project.org/...]), not via internal links.
Also, only use the known conventions

Претходно Индекс Следно



Вовед

Прво, дозволете да ги идентификуваме видовите информации што можете да ги внесете во вашата Грампс база на податоци. Овде се вклучени:

Лична информација за поединец (имиња, адреси, датуми на раѓање и умирање итн.)

Информација за врските на поединецот (бракови, разводи, граѓански заедници итн.)

Информација за родителите и децата на поединецот

Извори што го документираат вашето истражување

Gramps-notes.png
Кратенки со копчиња

Покрај интеракцијата со Грампс преку ставките на менито и копчињата, можете да ја користите и огромната група на „кратенките со копчиња.“ За повеќе информации, видете доделување-кратенка на копче .

Сега да видиме набрзина како можете да ги внесувате и уредувате овие различни видови информации.

Да додадете или уредите лице

Има повеќе начини за додавање лице во базата на податоци. Ќе покриеме неколку од нив како што одиме понатаму. Наједноставниот начин за внесување лице е да го додадете од погледот Лица. Додека сте во овој поглед ( side-nofilt-fig ), кликнете на копчето Додади од алатникот. Внесете ја секоја информација што ја знаете за ова лице во дијалогот Уреди Лице (за подробности видете edit-pers-fig ).

За да уредите информација за едно лице кое е веќе присутно во базата на податоци, изберете го лицето од погледот Лица и кликнете на копчето Уреди од алатникот.

Gramps-notes.png
Други начини за додавање и уредување лице од погледот Лица

Можете, исто така, да ги користите и ставките од менито Додади... и Уреди... достапни во Уреди. Или можете со десен клик на лицето и изберете Додади... или Уреди... од појавувачкото, контекстното мени.

Лицата, исто така, можат да се додаваат во базата на податоци во погледот Врски, дијалогот Уреди Семејство и други места каде што има смисла.

Да одредите врска

Има два основни начини за одредување врски помеѓу лицата - преку погледот Врски и преку користење на дијалогот Уреди Семејство од погледот Семеен список. Семејниот список обично се употребува за градење на сите врски во едно семејство одеднаш. Погледот Врски обично се користи за градење на повеќе врски на едно лице.

За одредување нова врска на Активното лице, префрлете во погледот Врски ( family-fig ) и ќе видите дека овој поединец е означен како „Активно лице“. Веднаш до ознаката Семејство се наоѓа копчето Додади (обично претставено со знакот +). Со кликнување на копчето Додади ќе се прикаже дијалогот Уреди Семејство со Активното лице поставено или како таткото или како мајката.

Fig.3.xx. Уредување Семејство

Сега едно прашање: Дали лицето што ќе ја формира врската со Активното лице веќе постои во базата? Ако постои, кликнете на копчето Избери до другото лице. Тогаш ќе можете да пребарувате по списокот со лицата во базата на податоци за да го одберете посакуваното лице. Ако не постои, тогаш кликнете на копчето Додади . Ова ќе дозволи да додадете ново лице во базата и да ја одредите неговата врска со Активното лице.

Gramps-notes.png
Филтрирање

По зададено, Грампс ги филтрира прикажаните списоци за да ги покаже само оние лица коишто теоретски имаат врски со Активното лице. Односно, Грампс ги покажува само оние лица чиишто датуми на раѓање и умирање се совпаѓаат со времето на живот на Активното лице. Ако сакате, можете да додадете лице во списокот со кликнување на копчето + . За целосно отфрлање на филтерот и прикажување на сите лица од базата на податоци, означете го полето Прикажи сѐ .

За да уредувате веќе постоечка врска во погледот Врски, кликнете на копчето Уреди веднаш до соодветниот Семеен внес. Ако има повеќе од една врска во списокот, можете да го одберете сопружникот или партнерот со кликнувањето на соодветното копче Уреди веднаш до врската.

Fig.3.xx Изберете лице

За да одредите нова врска во погледот Семеен список, кликнете на копчето Додади од алатникот и ќе се отвори празен дијалог Уреди Семејство . Овде можете да додадете лица во семејството.

Да одредите родители

Fig.3.x Изберете семејство

Можете да ги одредите родителите на Активното лице во погледот Врски ( family-fig ). Потребно е малку внимание за да спречите удвојување на семејствата. Ако сакате да го додадете Активното лице на веќе постоечко семејство, треба да кликнете на копчето Избери . Ако семејството, каде што се вклучени родителите, не постои, треба да кликнете на копчето Додади.

Ако кликнете на копчето Избери, се појавува дијалогот Изберете семејство. Овде ќе можете да го изберете постоечкото семејство, а потоа Активното лице ќе биде додадено како дете на тоа семејство.


Ако кликнете на копчето Додади, ќе се отвори нов дијалог Уреди семејство со Активното лице како дете на новото семејство. Можете да додадете родители на семејството со додавење нови лица како родители или избирање на постоечките лица како родители.

Gnome-important.png
Предупредување

Ако направите ново семејство и одберете родители што веќе се наоѓаат во постоечко семејство, Грампс ќе објави порака со предупредување. Ако продолжите со зачувување на новото семејство,ќе имате двојно семејство.

Fig.3.x. Двојно семејство

Можете да ги одредите родителите на лицето во погледот Семеен список. Ако семејството веќе постои, кликнете на копчето Уреди од алатникот и додадете го лицете како дете кога ќе се прикаже дијалогот Уреди семејство. Ако семејството сѐ уште не постои, кликнете на копчето Додади за да направите ново семејство, а потоа додадете ги соодветните родители и деца.

Да одредите деца

Fig.3.x. Уредувач на Упатување деца

Додавањето деца во врската се прави на сличен начин. Од погледот Врски или погледот Семеен список, одберете постоечко семејство или создадете ново. Децата можат да се додадат со избирање на копчињата Додади или Избери десно од списокот со деца.

Со кликнување на копчето Додади ќе се прикаже дијалогот Уреди лице , каде што ќе можете да внесете ново лице. Со кликнување на копчето Избери , ќе можете да одберете веќе постоечко лице од базата на податоци. По зададено, детето е додадено со видот на врската по раѓање кон обата родитела.

Ако сакате да ја промените врската родител/дете од зададеното поставување на врска по раѓање, изберете го детето и кликнете на копчето Уреди. Со ова ќе се подигне дијалогот Уреди Упатување на дете .

Додавање слики и други медиумски објекти

Можете да додавате слики и други медиумски објекти на поединци, настани, извори и места. Исто така, можете да додавате слики што не мора да се ограничени на поединечно лице или настан (на пример, групни семејни слики).

Ако сакате да додадете слика на поединечно лице, префрлете се во погледот Лица ( side-nofilt-fig ), изберете лице, а потоа кликнете на иконата Уреди во алатникот. Ова ќе го подигне дијалогот Уреди лице ( edit-pers-fig ). Следно, изберете го јазичето Галерија и кликнете на копчето + за да го повикате дијалогот Изберете медиумски објект . Впишете име на датотека или во пребарувачот побарајте ја посакуваната датотека со слики, а потоа обезбедете име за таа слика. Продолжете со додавање слики додека на завршите.

За да додадете слики поврзани со некоја врска (на пример, брак), префрлете се во погледот Семејство ( family-fig ) и двојно кликнете на полето Сопружник. Ова ќе го повика дијалогот Уредувач на Брак/Врска . Изберете го јазичето Галерија и кликнете на копчето + за да додадете слика.

За да додадете слики поврзани со извор или место, прво префрлете се во погледот Извори ( sources-fig ) или погледот Места ( places-fig ). Одберете го посакуваниот извор или место, а потоа или двојно кликнете на него или кликнете на иконата Уреди од алатникот. Изберете го јазичето Галерија и кликнете на копчето + за да додадете слика.

На крајот, за да додадете слики што сакате да ги вклучите во базата на податоци, а овде не се ограничени на ниедно конкретно лице, врска, извор или место, префрлете се во погледот Медиуми ( media-fig ). Потоа, кликнете на иконата Додади во алатникот за да додадете слика. Ако веќе сте додале некои слики на некои поединечни галерии, тие исто така ќе ги најдете во погледот Медиуми.

Gramps-notes.png
Друг начин за додавање слики во галериите

Секогаш може да биде додадена слика во секоја галерија со користење на повлечи-и-спушти. Ставките можат да се влечат од погледот Медиуми, секоја галерија, заднината, уредувачот на датотеки или веб-пребарувачот и да се спуштат во целната галерија, додавајќи ја сликата во неа.

Во секоја галерија, исто така, можете да користите Уреди за да ја уредите информацијата за сликата и копчето - за да го отстраните упатувањето на сликата од таа галерија.

Gramps-notes.png
Отстранување слика од галерија

Отстранувањето на медиумскиот објект од галеријата не го отстранува и од базата на податоци. За целосно да ја отстраните сликата од базата, избришете ја од погледот Медиуми прво со нејзино избирање, а потоа со кликнување на иконата Отстрани од алатникот.

Да уредувате настани, извори, места и репозиториуми

За да додадете настан, извор, место или репозиториум во базата на податоци, префрлете се во соодветниот поглед Настани ( events-fig ), поглед Извори ( sources-fig ), поглед Места ( places-fig ) или поглед Репозиториуми ( repository-fig ). Потоа, кликнете на иконата Додади во алатникот за да го додадете соодветниот објект. Внесете ја информацијата во дијалогот Уредувач на настани ( Уредувач на извори , Уредувач на места или Уредувач на репозиториуми ).

За да уредувате информации за настани, извори, места и репозиториуми што веќе постојат во базата, префрлете се во соодветниот поглед, изберете го внесот што сакате да го прегледате/промените, а потоа кликнете на иконата уреди од алатникот. Друга можност е двоен клик на тоа што сакате да го уредувате.

Претходно Индекс Следно