Mk:Грампс 5.1 Вики Прирачник - Филтри

From Gramps
Jump to: navigation, search
Претходно Индекс Следно

Овој додаток има список на сите правила за филтри тековно дефинирани во Грампс. Секое од овие правила е достапно за употреба кога создавате сопствени филтри, видете tools-util-cfe. Правилата се подредени по нивната категорија.

Уредувач на сопствен филтер

Gnome-important.png
Custom rules migration

For avoiding unwanted effects after major upgrades (eg, from 3.2.x to 5.1.x), if need, we can manually copy our custom_filter.xml from Gramps User Directory to gramps_version_number.

Fig.3.x Дефинирај филтер

Уредувачот на сопствениот филтер гради сопствени филтри што можат да се користат за избирање лица за вклучување во извештаи, извози и други алатки и услуги. Ова е, всушност, многу моќна алатка во генеалошкото расчленување.

Кога го почнувате, се појавува дијалогот Кориснички дефиниран филтер што има список на сите филтри (ако има) претходно дефинирани од вас. Кликнете на копчето Додади... за да дефинирате нов филтер. Кога веќе еднаш сте ги дефинирале вашите филтри, можете да ги уредувате, тестирате и избришете одбраните филтри со користење на копчињата Уреди..., Тестирај... и Избриши, соодветно. Сите филтри прикажани во списокот ќе бидат автоматски зачувани, заедно со вашата база на податоци и ќе биде достапна во следните сесии на Грампс.

Gramps-notes.png
Промени на филтри

Промените направени на филтрите ќе се применат само откако ќе кликнете на копчето Примени и затвори .

Со кликнување на копчето Додади... се повикува следниот дијалог Дефинирај филтер: Впишете го името на вашиот нов филтер во полето Име.

Внесете го секој коментар што ќе помогне да го препознаете овој филтер во иднина, во полето Коментар. Додадете колку што е можно повеќе правила во Списокот на правила, на пример, ако сакате вашиот филтер да го користи копчето Додади... Ако филтерот има повеќе од едно правило, изберете една од Операциите на правилата. Овде можете да изберете дали сите правила мора да се применат, само едно (или) правило мора да се примени или точно едно (или) правило мора да се примени, за филтерот да може да генерира совпаѓање. Ако вашиот филтер има само едно правило, овој избор нема влијание.

Означете Врати ги вредностите што не се совпаѓаат со правилата на филтрите за да го превртите правилото на филтерот. На пример, превртувањето на „има заеднички предок со И1“ правило ќе ги совпадне сите што немаат заеднички предок со тоа лице).

Кликнувањето на копчето Додади... го повикува следниот дијалог Додади правило:

Fig.3.x Додади правило

Рамката на левата страна ги прикажува достапните правила на филтрите подредени по нивните категории во проширено стебло. За подробно упатување на правилото на филтерот, видете append-filtref. Кликнете на стрелките за да ја соберете/проширите соодветната категорија. Одберете го правилото од стеблото со кликнување на неговто име. Од десната страна се прикажува името, описот и вредностите за тековно избраното правило. Кога ќе го изберете посакуваното правило и неговите вредности, кликнете Во ред за да го додадете ова правило во списокот со правила на тековно уредуваниот филтер. Со кликнување на Откажи ќе се прекине додавањето на правилото на филтерот.

Tango-Dialog-information.png
Совет

Филтерот што веќе сте го дизајнирале може да се искористи како правило за друг филтер. Ова дава речиси бесконечна флексибилност во кроењето на сопствените изборни критериуми што подоцна ќе бидат користени во поголемиот дел на извозите, извештаите и некои од алатките (како што се споредување настани на поединци).


Општи филтри

Во оваа категорија се вклучени следните најопшти правила:

  • Има целосен запис

Ова правило ги совпаѓа сите лица чиишто записи се означени како целосни. Во моментов, целосноста на информациите на лицата се означуваат рачно, во дијалогот Уреди лице.

  • Лица со нецелосни имиња

Ова правило ги совпаѓа сите лица на коишто им недостасува дадено име или презиме.

  • Е обележано лице

Ова правило ги совпаѓа сите лица што се наоѓат на обележаниот список.

  • Има текст што се совпаѓа со поднизата на

Ова правило ги совпаѓа сите лица чиишто записи содржат одредена подниза. Пребарани се сите текстуални записи. По избор, пребарувањето може да се направи да препознава големи букви или совпаѓање на обичен израз.

  • Сите

Ова правило ги совпаѓа сите лица во базата на податоци. Како самостојно, не е многу корисно, освен за тестирање намери. Меѓутоа, може да биде многу корисен во комбинација со други правила.

  • Лица веројатно живи

Ова правило ги спојува сите лица чиишто записи не ја покажуваат нивната смрт и коишто не се, без причина, премногу стари, судејќи по нивниот датум на раѓање и денешниот датум.

  • Има име

Ова правило го совпаѓа секое лице чиешто име се совпаѓа со одредена вредност, целосно или делумно. На пример, англиското име Marta Ericsdotter ќе се совпадне по правилото што ја користи вредноста „eric“ за семејното име.

Одделни вредности можат да се користат за Даденото име, Семејното име (презиме), Наставката и Титулата. Правилото дава совпаѓање ако и само ако сите не-празни вредности се (делумно) совпаднати од името на лицето. За да употребите само една вредност, оставете ги другите вредности празни.

  • Има ИД

Ова правило го совпаѓа секое лице со одреден Грампс ИД број. Правилото дава совпаѓање ако ИД бројот е точно совпаднат.

Можете или да го внесете ИД бројот во полето за текст или да изберете лице од списокот со кликнување на копчето Одбери... Во вториот случај, ИД бројот ќе се појави во полето за текст откако сте го одбрале лицето.

  • Е зададено лице

Ова правило го совпаѓа зададеното (почетно) лице.

  • Лица означени како лични

Ова правило ги совпаѓа лицата чиишто записи се означени како лични.

  • Е женско

Ова правило го совпаѓа секое женско лице.

  • Лица што имаат слики

Ова правило ги совпаѓа лицата со слики во нивните галерии.

  • Лица без датум на раѓање

Ова правило ги совпаѓа лицата на коишто им недостасува датумот на раѓање.

  • Е машко

Ова правило го совпаѓа секое машко лице.

Филтри за настани

Во оваа категорија се вклучени следните правила што совпаѓаат лица, засновани на нивните зачувани настани:

  • Го има датумот на раѓање: Ова правило ги совпаѓа лицата чиишто настани на раѓање се совпаѓаат со одредените вредности за Раѓање, Место и Опис. Правилото дава совпаѓање дури и ако настанот на раѓање на лицето се совпаѓа само делумно. Правилата на совпаѓање препознаваат голми букви. На пример, кое било лице родено во Шведска ќе биде совпаднато од правилото што ја користи вредноста „шв“ за Место.

Правилото дава совпаѓање ако и само ако сите не-празни вредности се (делумно) совпаднати од датумот на раѓање на лицето. За да употребите само една вредност, оставете ги другите вредности празни.

  • Го има датумот на умирање: Ова правило ги совпаѓа лицата чиишто настани на умирање се совпаѓаат со одредените врдности за Смрт, Место и Опис. Правилото дава совпаѓање дури и ако настанот на умирање на лицето се совпаѓа само делумно. Правилата на совпаѓање препознаваат голми букви. На пример, кое било лице што умрело во Шведска ќе биде совпаднато од правилото што ја користи вредноста „шв“ за Место.

Правилото дава совпаѓање ако и само ако сите не-празни вредности се (делумно) совпаднати од датумот на раѓање на лицето. За да употребите само една вредност, оставете ги другите вредности празни.

  • Го има изворот на: Ова правило ги совпаѓа лицата чиишто записи упатуваат на одредениот извор.
  • Го има личниот изворот: Ова правило ги совпаѓа лицата што имаат личен настан што се совпаѓа со одредените вредности на видот на Настанот, Датумот, Местото и Описот. Правилото дава совпаѓање дури и ако настанот на умирање на лицето се совпаѓа само делумно. Правилата на совпаѓање препознаваат голми букви. На пример, сите лица што дипломирале во Шведска ќе бидат совпаднати од правилото што го користи настанот за Дипломирање и вредноста „шв“ за Место.

Личните настани треба да бидат изберени од паѓачко мени. Правилото дава совпаѓање ако и само ако сите не-празни вредности се (делумно) совпаднати од личните настани. За да употребите само една вредност, оставете ги другите вредности празни.

  • Го има семејниот настан: Ова правило ги совпаѓа лицата што имаат семеен настан што се совпаѓа со одредените вредности на видот на Настанот, Датумот, Местото и Описот. Правилото дава совпаѓање дури и ако настанот на умирање на лицето се совпаѓа само делумно. Правилата на совпаѓање препознаваат голми букви. На пример, секое лице што се венчало во Шведска ќе биде совпаднато од правилото што го користи настанот за Брак и вредноста „шв“ за Место.

Личните настани треба да бидат изберени од паѓачко мени. Правилото дава совпаѓање ако и само ако сите не-празни вредности се (делумно) совпаднати од семејните настани. За да употребите само една вредност, оставете ги другите вредности празни.

  • Настан: Ова правило ги совпаѓа лицата што се претставени како сведоци во настанот. Ако е одреден видот на личниот и семејниот настан, ќе бидат пребарани само настаните од овој вид.
  • Лица со нецелосни настани: Ова правило ги совпаѓа лицата на коишто им недостасува датум или место на кој било настан на лице.
  • Семејства со нецелосни настани: Ова правило ги совпаѓа лицата на коишто им недостасува датум или место од кој било семеен настан.

Филтри за семејства

Оваа категорија ги вклучува следните правила на совпаѓање, засновани на нивните семејни врски:

  • Лица со деца

Ова правило ги совпаѓа лицата со деца.

  • Лица со повеќе брачни записи.

Ова правило ги совпаѓа лицата со повеќе од еден сопружник.

  • Лица без брачни записи.

Ова правило ги совпаѓа лицата без сопружник.

  • Посвоенни лица

Ова правило ги совпаѓа посвоените лица.

  • Ги има врските

Ова правило ги совпаѓа лицата со одредена врска. Врската мора да се совпаѓа со видот избран од менито. По избор, бројот на врските и бројот на децата може да се одреди.

Правилото дава совпаѓање ако и само ако сите не-празни вредности се (делумно) совпаднати од врската на лицето. За да употребите само една вредност, оставете ги другите вредности празни.

  • Е сопружник на совпаѓање од филтер

Ова правило ги совпаѓа лицата венчани за некој што е совпаднат од одредениот филтер. Името на одредениот филтер треба да се одбере од менито.

  • Е дете на совпаѓање од филтер

Ова правило ги совпаѓа лицата чијшто родител е совпаднат од одредениот филтер. Името на одредениот филтер треба да се одбере од менито.

  • Е родител на совпаѓање од филтер

Ова правило ги совпаѓа лицата чиешто дете е совпаднато од одредениот филтер. Името на одредениот филтер треба да се одбере од менито.

  • Е брат/сестра на совпаѓање од филтер

Ова правило ги совпаѓа лицата чијшто брат/сестра е совпаднат/а од одредениот филтер. Името на одредениот филтер треба да се одбере од менито.

Филтри за предци

Оваа категорија ги вклучува следните правила на совпаѓање, засновани на нивните врски со предците со другите лица:

  • Е предок на

Ова правило ги совпаѓа лицата коишто се предци на одреденото лице. Опцијата за Вклучување одредува дали одреденото лице треба да се смета за негов/нејзин сопствен предок (корисно за градење на извештаите).

Можете или да го внесете ИД бројот во полето за текст или да изберете лице од списокот со кликнување на копчето Одбери... Во вториот случај, ИД бројот ќе се појави во полето за текст откако сте го одбрале лицето.

  • Е предок на лицето најмалку Б-генерации подалеку

Ова правило ги совпаѓа лицата коишто се предци на одреденото лице и се најмалку Б-генерации подалеку од тоа лице во нивната лоза. На пример, користејќи го ова правило со вредноста 2 како број на генерации, ќе се совпаднат дедовците и бабите, прадедовците и прабабите итн., но не и родителите на одреденото лице.

  • Е предок на лицето не повеќе од Б-генерации подалеку

Ова правило ги совпаѓа лицата коишто се предци на одреденото лице и не се повеќе од Б-генерации подалеку од тоа лице во нивната лоза. На пример, користејќи го ова правило со вредноста 2 како број на генерации, ќе ги совпадне родителите и нивните родители, но не и прадедовците и прабабите итн. на одреденото лице.

  • Има заеднички предок со

Ова правило ги совпаѓа лицата коишто имаат заеднички предок со одреденото лице.

  • Има заеднички предок со совпаѓање од филтер

Ова правило ги совпаѓа лицата коишто имаат заеднички предок со некој што е совпаднат од одреден филтер. Името на одредениот филтер треба да се одбере од менито.

  • Е предок на совпаѓање од филтер

Ова правило ги совпаѓа лицата коишто се предци на некој што е совпаднат од одреден филтер. Името на одредениот филтер треба да се одбере од менито.

Филтри за потомци

Оваа категорија ги вклучува следните правила на совпаѓање, засновани на нивните врски со потомците со другите лица:

  • Е потомок на

Ова правило ги совпаѓа лицата коишто се потомци на одреденото лице. Опцијата за Вклучување одредува дали одреденото лице треба да се смета за негов/нејзин сопствен потомок (корисно за градење на извештаите).

Можете или да го внесете ИД бројот во полето за текст или да изберете лице од списокот со кликнување на копчето Одбери... Во вториот случај, ИД бројот ќе се појави во полето за текст откако сте го одбрале лицето.

  • Е потомок на лицето најмалку Б-генерации подалеку

Ова правило ги совпаѓа лицата коишто се потомци на одреденото лице и се најмалку Б-генерации подалеку од тоа лице во нивната лоза. На пример, користејќи го ова правило со вредноста 2 како број на генерации, ќе се совпаднат внуците, правнуците итн., но не и децата на одреденото лице.

  • Е потомок на лицето не повеќе од Б-генерации подалеку

Ова правило ги совпаѓа лицата коишто се потомци на одреденото лице и не се повеќе од Б-генерации подалеку од тоа лице во нивната лоза. На пример, користејќи го ова правило со вредноста 2 како број на генерации, ќе ги совпадне децата и внуците, но не и правнуците итн. на одреденото лице.

  • Е потомок на совпаѓање од филтер

Ова правило ги совпаѓа лицата коишто се потомци на некој што е совпаднат од одредениот филтер. Името на одредениот филтер треба да се одбере од менито.

  • Е потомок на семејството на

Ова правило не само што ги совпаѓа лицата што се потомци на одреденото лице, туку и сопружниците на тие потомци.

Филтри за врски

Оваа категорија ги вклучува следните правила што совпаѓаат лица засновани на нивните заеднички врски:

  • Патека на врска помеѓу две лица

Ова правило ги совпаѓа сите предци на двете лица наназад до нивниот заеднички предок (ако имаат). Ова ја изработува „патеката на врската“ помеѓу двете лица, преку нивниот заеднички предок.

Можете или да го внесете ИД бројот во соодветните полиња за текст или да изберете лица од списокот со кликнување на копчето Одбери... Во вториот случај, ИД бројот ќе се појави во полето за текст откако сте го одбрале лицето.

Филтри за разно

Ова правило ги вклучува следните правила што не одговараат на ниедно од претходните категории:

  • Ја има личната особина

Ова правило ги совпаѓа лицата што ја имаат личната особина од одредената вредност. Одредената лична особина треба да биде изберена од менито. Одредената вредност треба да се впише во полето за внес на текст.

  • Ја има семејната особина

Ова правило ги совпаѓа лицата што ја имаат семејната особина од одредената вредност. Одредената семејна особина треба да биде изберена од менито. Одредената вредност треба да се впише во полето за внес на текст.

  • Се совпаѓа со филтерот со име

Ова правило ги совпаѓа лицата што се совпаднати од одредениот филтер. Одреденото име на филтерот треба да биде одбрано од менито.

Претходно Индекс Следно


Gnome-important.png Special copyright notice: All edits to this page need to be under two different copyright licenses:

These licenses allow the Gramps project to maximally use this wiki manual as free content in future Gramps versions. If you do not agree with this dual license, then do not edit this page. You may only link to other pages within the wiki which fall only under the GFDL license via external links (using the syntax: [https://www.gramps-project.org/...]), not via internal links.
Also, only use the known Typographical conventions